9 „мрзливи“ вежби за одличен задник - Part 2

9 „мрзливи“ вежби за одличен задник

5. Основен исчекор

9 „мрзливи“ вежби за одличен задник

  • Исправете го телото и држете ги рамената назад.
  • Исчекорете напред со едната нога и спуштете ги колковите, виткајќи го коленото под агол од 90 степени. Осигурете се дека предното колено е над глуждот.
  • Држете ја тежината во петите и вратете се во почетната положба. Повторете со другата нога.
  • Направете 20 повторувања.

6. Чучнувања за сурфање

9 „мрзливи“ вежби за одличен задник

  • Поставете ги стапалата како да сте на даска за сурфање и стегнете ги мускулите на задникот.
  • Направете чучнување, држејќи ги колената зад вашите прсти на нозете.
  • Скокнете и свртете се, слетувајќи на спротивната страна.
  • Повторувајте една минута.

7. Свиткувања

9 „мрзливи“ вежби за одличен задник

  • Застанете исправено со стапалата под колковите.
  • Свиткајте го телото под агол од 90 степени, држејќи ги рацете испружени.
  • Исправете ја десната нога и подигнете ја колку колковите.
  • Спуштете ја ногата на подот.
  • Повторете по 10 пати со секоја нога.

8. Обратни чучнувања

9 „мрзливи“ вежби за одличен задник

  • Одберете тег со тежина што ви одговара.
  • Застанете со стапалата раширени колку рамената.
  • Исчекорете назад со десната нога и спуштете ја кон страната на левата нога.
  • Исправете се во почетната положба.
  • Повторете 15 до 20 пати со секоја нога.

9. Стој на рамена

9 „мрзливи“ вежби за одличен задник

  • Легнете на вашиот грб со исправени нозе и поставете ги рацете покрај телото. За почетници се препорачува да легнете на ќебе или нешто слично.
  • Свиткајте ги колената, поставувајќи ги стапалата на подот. Додека вдишувате, подигнете ги нозете и колковите од подот со помош на стомачните мускули. Свиткајте го телото и обидете се да ги доближете колената до вашето лице. Подигнете ги колковите и држете го телото нормално на подот.
  • Свиткајте ги лактите и поставете ги дланките на долниот дел од грбот. Лактите треба да стојат на земјата.
  • Подигнете ги бутовите додека не се вертикални на подот и полека исправете ги нозете. Рамената, колковите и стапалата треба да ги држите во права линија. Главата и вратот треба да бидат во линија со вашиот ‘рбет.
  • Држете ја положбата околу 10 вдишувања и издишувања. Спуштете ги стапалата и вратете ги рацете назад.

Пробајте ги и овие јапонски вежби коишто се одлични за женското тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар