9 изуми кои засекогаш ја променија модата
5. Хулахопки
Пред 20-тиот век, дамите кои сакале да бидат модерни немале многу избор – чорапите биле или волнени или свилени, но со многу краток век. Тоа траело сè до 1935 година, кога американските хемичари го измислиле најлонот, влакна кои ветувале дека се посилни од челик, а потенки од пајакова мрежа. За многу кратко време, хулахопките станале најпродаваното нешто.
6. Кожна јакна
Бомбер јакната била измислена во САД за време на Првата светска војна, и тоа за пилотите бидејќи таа ги штитела од ладното, а биле удобна за носење. Во 1928 година, компанијата Scott направила кожна јакна со патент, која подоцна станала позната како моторџиска јакна. Се разбира, кожните јакни најмногу се прославиле кога биле видени на Елвис Присли и Марлон Брандо.
7. Мини здолниште
Дизајнерката и модел Мери Квант имала мала, но многу тренди продавница во Лондон. Ова било местото каде што доаѓала младината за нови модни парчиња. Во доцните 1950-ти, мини здолништето станало многу популарно, но и тема на многу расправи. Штом почнале бунтовните 1960-ти, мини здолништето станало задолжително парче облека за секоја жена.
8. Мантил
Денес овој едноставен водоотпорен мантил е произведуван од стотици брендови низ целиот свет. Но неговиот изум бил случаен. Хемичарот Чарлс Макинтош несакајќи истурил гумен раствор на неговиот костим и забележал дека материјалот станал водоотпорен. Тој отворил компанија специјално за производство на водоотпорни мантили. Сепак, на почетокот тие не биле толку добри – мирисале на гума, се топеле на жешко и пукале на студено. Со текот на времето, се подобрил квалитетот на материјалот, па овие мантили си го заслужиле местото во гардероберот на речиси секој.
9. Градник
Градникот бил „измислен“ неколку пати, и секој пат поминувал низ серија промени. Во древните времиња, жените носеле завој на градите, кој пак бил следен од корсетите, за дури во раниот 20-ти век градникот да ја добие денешната форма. На почетокот не биле популарни, бидејќи жените си биле навикнати на корсетите, но со текот на времето ги замениле поради нивната практичност, удобност и убав изглед.