За жените над 40 години: 8 знаци кои покажуваат дека перименопаузата наближува - Part 2

За жените над 40 години: 8 знаци кои покажуваат дека перименопаузата наближува

4. Топлински бранови

(4)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Без разлика на годините, не е пријатно чувството кога наеднаш ви станува премногу топло. Сепак, ова е еден од најчестите и најпознатите симптоми за менопаузата. Некои жени може да искусат и потење и црвенило. И во овој случај, виновни се хормоните.

5. Несоница

(5)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Вашите јајници произведуваат помалку естроген со наближувањето на менопаузата. Бидејќи естрогенот помага и во спиењето, неговото намалено ниво може да резултира со несоница. Покрај ова, и ноќното потење може да ви пречи во спиењето.

6. Паѓање на косата

(6)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Кога наближува менопаузата, може да забележите дека вашата коса се проретчува. Намаленото ниво на естроген ја става вашата коса во фаза на „одмарање“, па паѓаат повеќе влакна од вообичаено.

7. Сува кожа

(7)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Луѓето се шегуваат дека менопаузата ќе ве „исуши“, и ова до некаде е вистина. Сувите уста, очи и кожа се последица од намаленото производство на хормони.

8. Раздразливост

(8)8-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-menopauzata-nablizhuva-kafepauza.mk

Ако се сеќавате какви сте биле како тинејџери кога вашето тело трпело хормонални промени, ќе почувствувате дежаву на почетокот на менопаузата. Раздразливоста и постојаното чувство дека имате ПМС се нормален дел од менопаузата.

Погледнете и како да ги ублажите симптомите на менопаузата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар