8 видови депилација на бикини зоната и сè што треба да знаете за нив
4. Бразилска плус депилација
Многу жени имаат влакна до нивните папоци. Ако сте загрижени за овие влакна, можете да побарате бразилска плус депилација. Овде спаѓа отстранување на влакната од целата интимна зона и влакната на стомакот.
5. Јужна бразилска депилација
Кога веќе сте на депилација, можете да ги средите и нозете. Ова се нарекува јужна бразилска депилација и се отстрануваат сите влакна од бикини зоната надолу.
6. Бразилска депилација на целото тело
Наместо да ги отстраните влакната само од интимната зона, можете да ги отстраните влакната од целото тело. Многу салони го нудат ова по одлична цена, а тука спаѓа депилација на раце, нозе, стомак, грб и интимни делови.
7. Депилација на задник
Ако ве загрижуваат влакната на вашиот задник, можете да се ослободите и од нив. Со оваа депилација се отстрануваат влакната околу аналниот отвор.
8. Целосна депилација на задник
Со оваа депилација целосно се отстрануваат влакната од задникот, како и оние околу аналниот отвор. Овој вид депилација е најмалку болен од сите на листава.
ПРИДОБИВКИ ОД ДЕПИЛАЦИЈАТА НА БИКИНИ ЗОНАТА
Додека депилацијата боли многу повеќе од бричењето, постојат многу придобивки од неа. Како прво, подолго време сте ослободени од влакната. Исто така, нема потреба да се справувате со кожа воспалена од бричење, како и со посекотини од жилет.
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ПРВАТА ДЕПИЛАЦИЈА НА БИКИНИ ЗОНАТА?
Како што веќе знаете, оваа депилација може да биде навистина болна. Најважното нешто што треба да го направите е да ѝ кажете на козметичарката дека ви е првпат. Исто така, немојте да се срамите и да мислите дека вашата вагина изгледа чудно. Козметичарките виделе безброј вагини и сè додека одржувате правилна хигиена, никој нема да го забележи изгледот.
Погледнете ги и триковите со кои ќе ја намалите болката за време на депилација.