8 совети за природно ослободување од стриите
5. Нанесете кокосово масло
Кокосовото масло е познато по неговите медицински способности. Богато е со киселина која ја лекува оштетената кожа. Ако секојдневно го нанесувате на стриите, тие ќе исчезнат многу побрзо. Најверојатно нема целосно да ги отстрани, но сигурно ќе го намали црвенилото.
Како да го користите
Масирајте ги проблематичните места со маслото 2-3 минути. Оставете го да се впие. Повторувајте секој ден.
6. Витамин А
Витаминот А ги подобрува стриите и ја прави вашата кожа понежна и помлада. Можете да го консумирате како додаток во исхраната, а исто така е присутен во зелени и жолти овошја и зеленчуци, моркови, јајца, риба и млечни производи.
7. Ексфолијација со шеќер
Шеќерот ефективно ги отстранува мртвите кожни клетки кои остануваат околу стриите. Пилингот исто така ја подобрува циркулацијата и го забрзува процесот на лекување. Микродермобразијата се покажала како ефективен метод за намалување на стриите.
Како да го користите?
Измешајте 60 грама шеќер со вода и направете паста. Нанесете ја смесата на проблематичните места со масажа. Оставете да делува 2-3 минути. Најдобро е да ја правите процедурата 2-3 пати неделно.
8. Пробајте белки од јајце
Белката од јајце содржи протеин кој ѝ помага на кожата да се регенерира. Колагенот, кој исто така се наоѓа во белките од јајце, ја зголемува еластичноста на кожата.
Како да го користите?
Изматете ги белките, па нанесете ја смесата на стриите. Оставете да се исуши и исплакнете со топла вода. Нанесете крема на кожата. Правете го ова 2-3 пати дневно за најдобри резултати.
Погледнете и кои се најчестите заблуди за стриите.