8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен - Part 2

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

4. Главоболки и мигрена

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Додека повеќето луѓе одвреме-навреме се соочуваат со главоболка, истражувањата покажале дека луѓето нетолерантни на глутен почесто имаат мигрена од останатите.

5. Проблеми со кожата

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Ова може да ве изненади, но чувствителноста на глутен може да има големо влијание на вашата кожа. Многу луѓе кои се нетолерантни на глутен имаат разни проблеми со кожата.

6. Депресија и анксиозност

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Луѓето со дигестивни проблеми изгледа се посклони кон анксиозност и депресија за разлика од здравите. Постојат разни теории за тоа како и зошто нетолеранцијата на глутен влијае на менталното здравје. Сепак, потребни се повеќе истражувања пред да се донесат заклучоци.

7. Трпнење на нозете

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Чуден симптом за нетолеранцијата на глутен е трпнењето на екстремитетите поради оштетување на нервите. Причината за овој симптом не е позната. Некои го поврзуваат симптомот со присуството на одредени антитела поврзани со нетолеранцијата на глутен.

8. „Замаглување“ на мозокот

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Одвреме-навреме можно е да се чувствувате расеано и со замаглен ум. Но, ако ова ви се случува често и имате тешкотии во размислувањето и помнењето, можеби сте чувствителни на глутен.

Исхрана без глутен

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Единствениот третман за овој проблем е исхрана без глутен. За среќа денес е навистина лесно да го отстраните глутенот од вашата исхрана за разлика од пред 10 години. Постојат многу алтернативи без глутен, па нема потреба да се откажувате од омилената храна.

Кога да посетите доктор?

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Ако сметате дека сте чувствителни на глутен, најдобро е веднаш да го посетите вашиот лекар во случај да станува збор за Целијакија или други проблеми со дигестивниот систем. Ако навистина сте нетолерантни на глутен, вашиот лекар ќе ви помогне да започнете со нов начин на исхрана.

Погледнете ги и митовите за безглутенската исхрана во кои не треба да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар