7 придобивки од секојдневното пиење маслиново масло - Part 2

7 придобивки од секојдневното пиење маслиново масло

4. Губење несакана тежина

(5)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Маслиновото масло можеби има здрави масти, но сепак се масти. Па, сигурно ќе се прашате како може да ви помогне во губењето тежина? Иако звучи чудно, некои масти можат да ви помогнат во борбата со килограмите и маслиновото масло е едно од нив. Тоа му помага на вашето тело да работи поефикасно, како преработување на добрите материи од храната и ослободување од лошите.

Едно истражување од 2010 година покажало дека медитеранскиот начин на исхрана, кој вклучува многу маслиново масло, помогнал во губењето на тежина многу повеќе отколку диетите со малку масти. Маслиновото масло го зголемува добриот холестерол, а тој помага во намалувањето на тежината.

5. Здравјето на кожата, ноктите и косата

(6)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Сакате поздрави кожа, нокти и коса? Го најдовте „лекот“! Маслиновото масло содржи многу витамин Е кој е важен во одржување на влажноста на кожата, косата и ноктите. Маслото можете да го консумирате орално (една лажичка дневно) или пак да го нанесете директно на проблематичните места. Можете да го користите и како маска за коса.

6. Ја намалува болката

(7)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Некои истражувања покажале дека маслиновото масло е ефективно во намалувањето на болката исто колку и аспиринот. Маслото содржи еден ензим кој се однесува исто како апчињата за болка и помага во нејзиното намалување. Секојдневната консумација маслиново масло може да ја намали хроничната болка од нарушувањата како артритис.

7. Ве одржува млади

(8)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Маслиновото масло е полно со антиоксиданси кои помагаат во спречување на процесот на стареење. Стареењето е многу комплициран процес кој научниците сè уште не можат целосно да го разберат, но некои истражувања покажале дека антиоксидансите во маслиновото масло може да го забават.

Дали има страни ефекти?

(9)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Во повеќето случаи, нема причина зошто да не консумирате една лажичка дневно. Но, премногу маслиново масло може да предизвика дијареја. Исто така, во една лажичка маслиново масло има околу 120 калории, па сигурно не сакате да испиете повеќе од тоа. Сепак, за да бидете безбедни, советувајте се со вашиот лекар пред да почнете со негова употреба.

Погледнете и некои други примени на маслиновото масло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар