7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост - Part 2

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

4. Дипа Ма

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

„Важно е да направите разлика помеѓу чувство-задоволство и чувство-желба. Нема ништо погрешно во чувство-задоволство. Задоволството и болката се дел од нашите животи. Но чувство-желба од друга страна е грабнување на задоволството или избегнување на болката. Ова создава страдање и избегнување.“

Дипа Ма била ученик на индискиот учител Анагарика Муниндра. Нејзиниот живот бил тежок, а смртта на нејзиното семејство ја натерала да ја истражи мудроста на медитацијата. Нејзината тага ѝ помогнала во нејзиното просветлување, а подоцна и во просветлувањето на другите.

Нејзината филозофија потекнува од идејата дека медитацијата и просветлувањето може да се постигнат во која било околина. Нејзините први ученици биле жени домаќинки, жени кои го немале луксузот да медитираат со часови. Таа им помогнала со тоа што им покажала техники за медитирање кои може да се користат додека ги исполнуваат сите барања на животот. Таа верувала дека медитацијата е нешто што можете да го носите со вас, односно е свесност за животот.

5. Брајан Вејс

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

„Бројот на денови и години кои ги живееме на Земјата е незначаен. Важен е квалитетот на тие години и денови, а квалитетот се мери со љубовта и мудроста. Некои луѓе прават повеќе добро во еден ден отколку други во 100 години.“

Брајан е психијатар, хипнотерапевт и автор кој специјализирал во регресија од минати животи. Неговата специјализација започнала кога негова пациентка почнала да се присетува на минатиот живот додека била под хипноза. Откако ја проверил точноста на овие сеќавања, Брајан почнал да верува дека делови од нас се формирани во нашите минати животи. Тој почнал да ги користи сеќавањата тврдејќи дека многу фобии и шеми се директно поврзани со минатите животи.

Брајан верува дека истражувањето на минатиот живот на пациентот може да му помогне да се справи со проблемите во сегашниот. Тој исто така смета дека секој може да се сети на минатиот живот со хипноза, медитација, па дури и во соништата.

Неговите учења можете да ги прочитате во неговите книги во кои спаѓаат „Иста душа, многу тела“ (Same Soul, Many Bodies) и „Чуда се случуваат: Лекувачката моќ на сеќавањата од минатите животи“ (Miracles Happen: The Transformational Healing Power of Past Life Memories).

6. Џон Кабат-Зин

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

„Можеби ќе бидете во искушение да го избегнете нередот на секојдневниот живот за мирот кој го нудат тишината и смиреноста. Ова се разбира ќе биде приврзување кон смиреноста, и како секое приврзување води до заблуда. Го спречува развитокот и култивацијата на мудроста.“

Џон е професор и иако неговите техники потекнуваат од Будизмот, тој се смета за научник. Многуте години кои му ги посветил на Будизмот и многуте години кои ѝ ги посветил на науката му помогнале да ги комбинира двете и да најде начин за поголема свесност и помалку стрес во животот.

Тој се залага медитацијата да биде дел од образованието и децата да ја учат уште од најрана возраст. Според него, медитацијата е одличен начин да се справиме со технологијата која ни го одвлекува вниманието и која им е претставена на децата уште многу рано. Неговата книга „Каде одиш, таму си“ (Wherever You Gо, There You Are) ги опишува овие идеи.

7. Алекс Греј

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

„Ја спознавам привилегијата што сум жив во човечко тело во овој момент, полн со сетила, сеќавања, емоции, мисли и просторот на умот во неговиот аспект на мудроста.“

Алекс Греј е уметник, автор и учител. На почетокот неговата уметност била околу духовното патување и го претставува развојот на психата и активната врска помеѓу умот, телото и душата. Подоцна преку своите дела искажувал разни идеи, најмногу уникатни човечки моменти како што се интеракција, бакнување, водење љубов, смрт, сонување и медитирање.

Неговата уметност ја покажува поврзаноста на сите прикажувајќи секојдневни настани, и ја покажува магијата зад велот на физичкото. Овие слики најчесто претставуваат луѓе кои се молат или сонуваат, притоа покажувајќи дека во овие моменти е целиот универзум. Тој сака да ни покаже дека зад секоја едноставност постои универзум.

Погледнете ги и 6-те книги кои треба да ги прочита секој духовен трагач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар