7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме
5. Тешкотии со дишењето
Овој симптом се појавува кога коронарните артерии се оштетени. Луѓето го чувствуваат бидејќи срцето не може да испумпува доволно крв. Едно истражување покажало дека луѓето често ги игнорираат тешкотиите со дишењето, но понекогаш ова е единствениот знак за сериозна болест на коронарната артерија.
6. Студени стапала и дланки
Студените стапала можат да бидат предизвикани од стеснети артерии кои го намалуваат дотокот на крв во екстремитетите. Бавното зараснување на раните и слабиот пулс во стапалата се исто знаци што не треба да ги игнорирате. Исто така симптомите можат да бидат знак на проширена болест на артериите која може да влијае врз мозокот или срцето и да предизвика инфаркт или мозочен удар.
7. Замор и вртоглавица
Заморот е редок симптом на болест на коронарната артерија, но може да се појави. Овие симптоми се појавуваат како резултат на намаленото ниво на кислород поради слабиот доток на крв. Овие симптоми се почести кај жените.
Што го зголемува ризикот од блокирање на артериите?
Постојат неколку работи што можат да влијаат на оваа појава:
- Нездраво ниво на холестерол во крвта. Ова значи дека имате високо ниво на лош и ниско ниво на добар холестерол.
- Висок крвен притисок. Крвниот притисок не треба да надминува 140/90 mmHg.
- Пушење. Пушењето ги оштетува и ги стеснува крвните садови, го зголемува нивото на холестерол и го зголемува крвниот притисок. Покрај тоа не му дозволува на кислородот да стигне до сите ткива во телото.
- Прекумерна тежина или дебелина. Индексот на телесна маса помеѓу 25 и 29,9 значи дека имате прекумерна тежина. Ако вашиот индекс е повисок, тоа значи дека сте дебели.
Погледнете и кои се симптомите на опасни болести што жените најчесто ги игнорираат.