6 начини да ја исчистите микробрановата печка со продукти што ги имате дома
2. Оцет
Наједноставен начин да ја исчистите микробрановата е да наполните чинија со еднаков сооднос оцет и вода и да ја загревате 2 минути. Потоа извадете ја чинијата, потопете сунѓер во мешавината и исчистете ги дамките. Со ова ќе ги отстраните и бактериите и непријатните миризби.
3. Сок од лимон
Во сад со вода ставете неколку лажици сок од лимон и загрејте го во микробрановата околу 2 минути. Потоа исчистете ја внатрешноста со влажна крпа.
4. Средство за миење садови
Наполнете чинија со вода и неколку капки средство за миење садови. Загревајте ја смесата во микробранова околу 3 минути или додека не почне да се создава пареа. Исчистете ја внатрешноста со влажна крпа.
5. Сода бикарбона
Измешајте 4 лажици сода бикарбона во сад со вода и исчистете ја внатрешноста со смесата. На овој начин ќе ги отстраните помалите дамки. За тврдокорни дамки загрејте ја смесата во микробрановата, а потоа исчистете ја внатрешноста со влажна крпа.
6. Вода
Ако вашата микробранова не е премногу валкана, доволно е да загреете сад со вода околу 5 минути. Потоа исчистете ја внатрешноста со влажна крпа.
Погледнете и кои работи не треба никогаш да ги ставате во микробранова печка.