50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите
26. Доколку сте зафатени со чистење, дајте му на детето влажна крпа и кажете му каде ви е потребна помош.
27. Замолете го детето да го избрише огледалото. Покрај тоа што ќе се забавува, од оваа активност има и придобивки.
28. Наполнете сад со вода и во него ставете риба или каква било играчка што не тоне. Кажете му на детето да се обиде да ја улови со јадица.
29. Наполнете сад со вода и дајте му на детето хартиени бротчиња или лушпи од ореви кои ќе бидат како чамци.
30. Се сеќавате кога си замислувавте дека подот е лава? Правилата на оваа игра се едноставни – обележете кои делови од домот се „безбедни острови“ на кои детето може да стои. Можете да поставите и листови на подот за оваа цел.
31. Дајте му на детето хартија, четка и боја. Кажете му да нацрта нешто држејќи ја четката со заби.
32. Доколку знае да пишува, кажете му на детето да ви напише писмо.
33. Предложете да изградите тврдина користејќи перници, ќебиња и други достапни материјали.
34. Исцртајте секакви линии на лист хартија и кажете му на детето да ги претвори во слика.
35. Подгответе потсетници со разни задачи и ставете ги во разни соби од домот. Детето треба да ги изврши задачите со цел да открие каде сте го сокриле „богатството“.
36. Играјте „Најди ја играчката“. Сокријте некоја играчка и кажете му на детето да ја најде. Колку подобро ќе ја сокриете играчката, толку повеќе време ќе имате.
37. Соберете стари цедиња и кажете му на детето да црта на нив.
38. Извадете ги магнетите од фрижидери и дозволете му на детето да ги нареди како што сака.
39. Дајте му неколку весници на детето и кажете му да ги исече најинтересните слики од нив. Ножиците се погодни за малку поголеми деца.
40. Кажете му на детето да направи колаж. Може да ги искористи сликите од весниците.
41. Побарајте од детето да прави снегулки од хартија.
42. Или пак, да исече карта за играње на неколку делчиња, а потоа да ја состави.
43. Направете „кофа со тајни“ и наполнете ја со играчки. Главното правило е да користите повеќе предмети, за на детето да му биде потребно подолго време да ги извади сите.
44. Извадете ја облеката од гардероберот и кажете му на детето да пробува разни комбинации.
45. Дајте му чорапи на детето и кажете му да ги подреди по боја.
46. Направете воз од столови, наредете ги играчките како патници и кажете му на детето да биде машиновозач.
47. Завиткајте дипла или тепих и направете тунел за количките на детето.
48. Дајте му очила, капи и други додатоци на детето и кажете му да се преправа во разни ликови со нив.
49. Кажете му на детето да се спакува за патување.
50. Претворете го детето во стилист. Дајте му облека што може да ја стави на играчки и речете му да организира модна ревија.
Погледнете и кои се најдобрите вежби за деца кои минуваат многу време пред екран.