5 медицински состојби кои можат да предизвикаат анксиозност
3. Зголемена активност на тироидната жлезда
Кога е зголемена активноста на вашата тироидна жлезда, таа произведува повеќе од хормонот тироксин. Ова го забрзува метаболизмот на вашето тело и може да резултира со намалена телесна тежина, забрзано или нерамномерно чукање на срцето, потење, нервоза и раздразливост. Проблемите со тироидната жлезда имаат директно влијание на менталното здравје. Нејзината намалена активност може да предизвика замор и депресија, додека зголемената активност предизвикува несоница и анксиозност.
4. Хронична болка
Хроничната болка која трае со недели, месеци или години може да нема конкретна причина но може многу да влијае на вашиот живот. За жал, хроничната болка и анксиозноста одат заедно. Болката е чест симптом на анксиозност. Покрај секојдневните тегоби и болки, личноста може да биде дијагностицирана со болести како артритис.
5. Синдром на иритирани црева
Ова нарушување влијае на дебелото црево и предизвикува грчење, подуеност, дијареа, констипација, гасови и болки во стомакот. Луѓето со ова нарушување често страдаат и од анксиозност и депресија, а со тоа се влошуваат симптомите. Причината за ова е тоа што дебелото црево е контролирано од нервниот систем кој реагира на стрес. Доказите исто така укажуваат дека и имунитетот игра улога бидејќи и тој реагира на стрес.
Кога да посетите лекар?
Ако сте почувствувале кој било од симптомите, уште веднаш посетете го вашиот лекар. Тој ќе ви помогне полесно да се справите со ситуацијата и ќе ви ја препише потребната терапија.
Дознајте и која е разликата помеѓу анксиозност и паничен напад.