20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април
6. Широк мантил
Многумина сметаат дека овие мантили се застарени, но ова парче облека може да ви помогне да изгледате навистина модерно и елегантно. Можете да го комбинирате со секаква облека и е одличен за секаква прилика.
7. Панталони со трегери
Доколку сакате облека од тексас, панталоните со трегери треба да се неизоставен дел од вашиот гардеробер. Најдоброто е што можете да постигнете одличен изглед со многу малку парчиња облека.
8. Точки
Доколку не сте роб на трендовите, облеката со точки е одличен избор за вас. Можете да ги најдете на кошули и блузи, па дури и на панталони и обувки. Точките се апсолутен хит и оваа пролет нема да погрешите со нив.
9. Кожно здолниште
Облеката од кожа можете да ја носите и во пролетната сезона. Всушност, тогаш е и најпопуларна. Едно од најпривлечни кожни парчиња е здолништето, кое можете да го носите во секоја прилика и да го комбинирате со ролки, блузи или кошули.
10. Чизми чорапи
Веќе неколку сезони, овие чизми се најпопуларни, најмногу бидејќи се погодни и за пролет и за есен. Можете да ги најдете во секаква боја и да ги комбинирате со здолништа и панталони.
Продолжува на следната страница…