20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело - Part 2

20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело

5. Брод

20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело

Мускули што се активираат: Горни и долни стомачни, долни грбни и мускули на задникот.

Како да ја изведете вежбата:
  • Легнете на грб.
  • Поставете ги рацете над главата.
  • Кренете ги нозете и допрете ги стапалата со дланките.
  • Вратете се во почетната положба.
  • Направете 12 повторувања и направете 3 сетови со пауза од 30 секунди помеѓу нив.

Доколку ви е тешко да ги кренете двете нозе, можете да ја кревате левата по десната нога наизменично.

6. Подигнување на колковите

20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело

Мускули што се активираат: Мускули на задникот и бутовите

Како да ја изведете вежбата:
  • Легнете на грб.
  • Свиткајте ги колената и поставете ги рацете покрај телото.
  • Подигнете го телото нагоре стегајќи ги мускулите на задникот.
  • Вратете се во почетната положба.
  • Повторете 15 пати и направете 3 сетови со пауза од 30 секунди помеѓу нив.

7. Планк со движење на нозете

20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело

Мускули што се активираат: Стомачни и мускули на задникот и бутовите

Како да ја направите вежбата:
  • Започнете со планк положба со исправени раце.
  • Повлечете го десното колено кон десниот лакот.
  • Вратете се во почетната положба.
  • Повторете 12 пати со двете нозе и направете 3 сетови со пауза од 30 секунди помеѓу нив.

8. Склекови на ѕид

20-минутна рутина за вежбање со која ќе го обликувате целото ваше тело

Мускули што се активираат: Мускули на рацете, рамената, градите и стомакот

Како да ја изведете вежбата:
  • Застанете во положба на склек на ѕидот, а дланките нека бидат во линија со рамената.
  • Направете 15 склекови и направете 3 сетови со пауза од 30 секунди помеѓу нив.

Доколку ви е премногу лесно, можете да го зголемите интензитетот така што ќе ги оддалечите нозете од ѕидот.

Пробајте ги и најлесните вежби за загревање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар