15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина - Part 3

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

11. Банана

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Бананите ја освежуваат и ја потхрануваат кожата благодарение на витамините, минералите и нивната мека текстура. Можете да ги користите наместо продуктите за убавина бидејќи ги содржат клучните состојки за убава кожа како витамините А, Б и Е и калиумот.

Начин на подготовка:
  • Испасирајте една зрела банана со средна големина
  • Нанесете ја на лицето и вратот и ставете да делува 15 минути
  • Исплакнете со топла вода

12. Јајца

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Белките и жолчките на јајцата имаат разни состојки, па би требало да ги користите одвоено во зависност од вашиот тип на кожа.

Жолчките имаат многу масти и треба да се користат за сува кожа. Богати се со витамини А, Б2 и Б3 и цинк, па се одлични во борбата против стареењето и за навлажнување.

Начин на подготовка:
  • Испасирајте 1/4 авокадо, додајте 1 лажичка јогурт и 1 жолчка
  • Измешајте добро и нанесете ја смесата на кожата
  • Оставете да делува 15 минути или додека се исуши, а потоа исплакнете со топла вода

Белките се одлични за затегнување и тонирање на кожата, а истовремено ги отстрануваат маснотиите намалувајќи ги големите пори на кожата. Големите пори често се „жртви“ на бактериите кои предизвикуваат акни, па белките од јајцето се одлични за нив. Користете ги белките само доколку имате мрсна кожа.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 1 белка од јајце со 1 лажичка лимонов сок
  • Нанесете ја смесата на кожата и оставете да делува 15 минути, или додека не се исуши
  • Исплакнете со топла вода

13. Краставица

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Ако имате иритирана или воспалена кожа после долг ден поминат на сонце, облогите од краставица се најдобри. Краставиците се полни со антиоксиданси и антивоспалителни состојки и ја ладат кожата. Исто така можат да ги намалат и темните кругови околу очите.

Начин на подготовка:
  • Исечете ја краставицата на тенки парчиња и ставете ги во фрижидер 15-тина минути
  • Ставете ги парчињата на лицето и оставете ги да делуваат 15 минути.

14. Чај

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Разните чаеви имаат разни својства. На пример, камилицата и лавандата се со антивоспалителни состојки и имаат смирувачки ефект. Кофеинот во црниот чај ги намалува капиларите и ги намалува темните кругови околу очите. Исто така може да ја намали и нивната подуеност.

Доколку користите вреќички чај, сè што треба да направите е да ги навлажните и да ги ставите на очите.

Ако сакате да го користите чајот како тоник, подгответе го како за пиење и нанесете го со памук откако ќе го исчистите лицето.

15. Моркови

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Морковите имаат корисни ензими и ја обновуваат нормалната и мрсната кожа. Богати се со витамин А кој е одличен антиоксиданс, витамин Ц кој ја осветлува кожата и калиум кој ја навлажнува кожата.

Начин на подготовка:
  • Излупете морков со средна големина и варете го додека не омекне
  • Испасирајте го и додајте 1 лажица мед и 1/2 лажица лимонов сок
  • Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10 минути
  • Исплакнете со топла вода

Погледнете и како природно да ја затегнете кожата на вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар