15 најлоши работи кои можете да ѝ ги направите на вашата кожа
6. Ги користите истите производи во текот на целата година
Разните сезони и временски услови имаат различно влијание на кожата. Ова ја создава потребата да имате разни продукти кои одговараат со временските услови. Помрсните продукти се подобри за во зима бидејќи воздухот е сув. Кога времето ќе се стопли подобро е да користите продукти со полесна текстура.
7. Грубо ја отстранувате шминката
Без разлика дали ја отстранувате шминката или нанесувате крема на вашето лице, колку помалку ја допирате кожата, толку подобро. Грубото бришење може да предизвика создавање брчки, а вашите очи може да изгледаат изморено. Покрај ова, кожата околу очите е нежна, тенка и склона кон сушење, затоа за неа треба да користите продукти кои не ја дехидрираат кожата.
8. Одите на солариум
Дали знаете дека одењето на солариум пред да наполните 35 години го зголемува ризикот од меланома, најсмртоносната форма на рак на кожата, за 63%? А овој ризик се зголемува со секое наредно користење на солариум. Заменете ги солариумите со здрава, светла и млада кожа. Ако навистина сакате да имате потемен тен, подобро користете спреови за самопотемнување.
9. Не користите заштитна крема за сонце
Експертите кажуваат дека ова е најголемата грешка која ја прави речиси секој од нас. Заштитата од сонце е потребна секој ден, дури и кога времето е облачно. Бидејќи многу знаци на стареење се предизвикани од сонцето, овие креми се најдобрите третмани за подмладување.
10. Пушење
Знаеме дека пушењето се одразува на кожата, но многу луѓе не се свесни колкав е овој ефект. Пушењето е најчеста причина за појава на брчки околу устата и го забрзува процесот на стареење. Исто така хемикалиите во цигарите го уништуваат колагенот многу побрзо, па ова води до стареење и „виснување“ на кожата.
Продолжува на следната страница…