14 знаци дека е време за промена на вашата кариера - Part 2

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

8. Заинтересирани сте за дополнително образование

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Менувањето на кариерата бара нови вештини и искуство. Па ако идејата да се вратите на училиште ви е возбудлива, можеби е време да пробате нова професија. Денес се достапни многу студии и онлајн курсеви кои можете лесно да ги вметнете во вашиот распоред.

9. Повторно би почнале од дното

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Можеби веќе сте се искачиле на сегашната позиција, а менувањето професија може да значи да треба да почнете од дното. Не е секогаш лесно да се вработите на почетна позиција кога сте биле професионалец со години. Ако навистина сакате да истражите нова област, бидете подготвени на ова.

10. Имате страст или талент од кој мислите дека можете да заработувате

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Велат дека ако го работите она што го сакате, нема ниту еден ден да одите на работа. Иако тоа можеби е, а можеби и не е вистина, ако не сте исполнети на сегашното работно место, размислете за вашите хобија. Ако имате талент што може да ви донесе заработка, можеби треба да ги истражите вашите опции. Се разбира, треба да ги имате на ум и недостатоците од започнување свој бизнис.

11. Имате нешто настрана што почнува да цути

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Почнувањето нова кариера не секогаш значи почнување од ништо. Ако веќе имате нешто настрана што се одвива добро, можете да се фокусирате само на тоа.

12. Сте нашле добра позиција

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Ако сте откриле позиција што треба да се пополни, можеби ова е вашата можност. Без разлика дали создавате нов простор во сегашната професија или сакате нешто сосема ново, создавањето место за себе е секогаш добра опција.

13. Животот ви е доволно стабилен за голема промена

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Промената на кариерата може да биде ризична и може да ви го промени животот. Поради ова осигурете се дека сте доволно стабилни за оваа промена. Можеби никогаш нема да има вистинско време за промената – ако сте бремени или ако купувате нов дом можеби е подобро да ја одложите. Но ако условите ви изгледаат совршени, направете го тоа.

14. Финансиски сте доволно стабилни за да издржите неуспех

14 знаци дека е време за промена на вашата кариера

Менувањето на кариерата значи и дека вашите финансии ќе се намалат некој период. Можеби ќе останете без плата додека менувате работно место, или ќе ви бидат потребни пари за дополнително образование. Пред да дадете отказ истражете ги вашите опции и осигурете се дека имате доволно пари за да не завршите во тесно.

Погледнете и што треба да знаете пред да дадете отказ на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар