13 навики за кои погрешно мислите дека се безбедни
7. Миење на косата со жешка вода
Што страда: Садовите во мозокот и скалпот.
Ако сакате да се туширате со многу жешка вода, време е да престанете. Пред сè, може да си предизвикате главоболка и вртоглавица. Покрај тоа, жешката вода ги стимулира лојните жлезди на скалпот, а ова прави косата да ви изгледа валкано.
8. Допирање на лицето и триење на очите
Што страда: Кожата и очите.
Ако го допирате вашето лице со дланките, можете да добиете цел каталог инфекции како акни, херпес и слично. Ако ги триете очите, можете да добиете конјунктивитис, инфекција која е придружена со воспаление, солзи, печење и чувствителност на светлина.
9. Често џвакање гума за џвакање
Што страда: Стомакот, забите и краткотрајната меморија.
Постојат неколку последици од честото џвакање гума за џвакање:
- Џвакањето го стимулира лачењето на желудочен сок, па немојте да џвакате гума пред јадење. Ова може да предизвика гастритис, па дури и чир.
- Џвакањето гума е штетно за вашите заби. Како што се зголемува лачењето на плунка, може да ги „разјаде“ забите и пломбите.
- Џвакањето гума има влијание и на меморијата. Го подобрува помнењето и помага да се концентрирате на една задача подолго време. Но, бидејќи ја влошува краткотрајната меморија, ви го намалува фокусот.
10. Читање во кревет
Што страда: Очите, ‘рбетниот столб и кожата на вратот.
Ако читате во кревет, следете ги овие правила:
- Не држете ја книгата преблиску до очите.
- Не искривувајте го грбот и не го виткајте вратот.
- Не читајте лежејќи на страна – растојанието на книгата постојано ќе се менува и очите ќе треба да работат повеќе.
- Не читајте легнати на стомак бидејќи можете да го оштетите ‘рбетниот столб.
11. Лижење и дување на мали рани
Што страда: Процесот на заздравување.
Што е првото нешто што го правите кога ќе си го пресечете прстот? Веројатно го ставате во уста или дувате на него. Научниците од Харвард пресметале дека во нашите усти живеат над 600 видови микроорганизми. Овде се наоѓаат и некои што не треба да е најдат во вашата рана.
12. Шепотење
Што страда: Гласните жици и гркланот.
Едно истражување покажало дека повеќето луѓе ги истегнуваат нивните гласни жици кога шепотат. Ова ги зголемува шансите од микро повреди на гркланот.
13. Користење телефон во тоалетот
Што страда: Анусот и целокупната хигиена.
Овде не станува збор само за телефоните, истото важи и за весниците и книгите. Кога седите на школката повеќе од 5 минути, го зголемувате притисокот во вашите вени. Кога ќе одите во тоалет со телефон, голема е веројатноста да се задржите многу подолго. Покрај тоа, на овој начин ги разнесувате бактериите насекаде.
Погледнете и кои секојдневни навики се исто штетни колку и цигарите.