12 совети кои ќе ви помогнат да се спасите од труење со храна
7. Мед
Производителите на мед користат разни трикови за да ја зголемат неговата маса. Тие додаваат сè од скроб и варовник до брашно.
Како да проверите: Растворете една лажичка мед во вода, а потоа додајте неколку капки оцетна киселина. Ако мешавината почне да прави меури, медот има варовник. Брашното и скробот можете да ги забележите со додавање јод. Мешавината ќе добие темна боја.
8. Вино
Некои видови вина може да бидат лажни. Обично тие се направени од вино во прав.
Како да проверите: Во една лажица сода бикарбона ставете малку вино. Ако мешавината добие сина боја, тоа значи дека пиете вистинско вино. Во спротивно бојата нема да се промени.
9. Мајонез
Квалитетниот мајонез содржи само мешавина од јајца. Но, понекогаш се користат скроб и адитиви кои може да бидат штетни за вас.
Како да проверите: Неколку капки јод ќе ви помогнат да откриете дали има скроб во мајонезот. Тој ќе добие темна боја.
10. Риба
Бидејќи овој производ има краток рок на траење, потребно е да бидете особено внимателни.
Како да проверите: Очите и кожата на рибата мора да имаат иста боја, крлушките треба да бидат исти, а жабрите црвени. Ако рибата е стара жабрите ќе имаат темна боја и ќе има лош мирис.
11. Јајца
И јајцата имаат краток рок на траење, па важно е да се осигурите дека се свежи.
Како да проверите: Наполнете чаша со студена вода и ставете го јајцето во неа. Ако потоне, јајцето е свежо. Ако е на средината не е толку свежо, но може да се искористи за варење. Ако јајцето исплива на површината најдобро е да го фрлите.
12. Свежо овошје
Денес фармерите користат многу хемикалии додека ги одгледуваат овошките. Па многу од нив може да користат пестициди и нитрати.
Како да проверите: Земете неколку јагоди, згмечете ги и измешајте ги со шеќер. Свежите јагоди без пестициди ќе имаат многу сок. Исто така ќе имаат овошен мирис и ќе бидат црвени, а не темни. Портокалите треба да бидат меки, со еднаква боја и да немаат мувла.