12 одлични начини да го зачините вашиот брак оваа есен
7. Пишувајте си љубовни пораки и читајте ги покрај оган
Времето сè уште не е премногу ладно, па искористете го за кампување. Земете неколку ќебиња, запалете оган, читајте си ги љубовните пораки, разговарајте за животот, земете и некое шише вино и едноставно бидете заедно. Овој состанок е речиси бесплатен, но времето поминато заедно е бесценето.
8. Одете на планинарење
Есента е прекрасна, па искористете ги неверојатните пејзажи и поминете време во природа. Можете да планинарите или пак возете се низ некој живописен предел. Ова ќе ви биде еден од најромантичните состаноци.
9. Изгледајте некој спортски натпревар
И да не сакате спорт, гледањето спортски натпревар во живо со вашиот партнер ќе биде навистина забавно. Откријте кога игра некој клуб од вашиот град и навивајте на цел глас.
10. Исполнете ги ветувањата од Нова година
Ако сте ја заборавиле листата на ветувања од Нова година, сега е вистинскиот момент да ѝ се посветите. Имате цели 3 месеци да ја прочитате книгата која сте сакале, или пак да го изгубите вишокот килограми. Никогаш не е доцна.
11. Почнете заедничка физичка активност
Кога сме кај ветувањата од Нова година, есента е полна со вкусни јадења кои често резултираат со по некој вишок килограм. Еве ви одлична причина да се вклучите во некоја физичка активност со вашиот партнер. Ќе ви биде многу позабавно отколку да вежбате сами и речиси сигурно ќе постигнете резултати.
12. Гушкајте се повеќе
Уживајте во есенската атмосфера, во забавите и во одличното расположение. Но најважно од сè – уживајте со вашиот партнер. Поминувајте повеќе време во гушкање, бакнување и разговарање.