12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете - Part 2

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

7. Злато

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

Златото не реагира хемиски, па може да помине низ дигестивниот систем без да биде апсорбирано. Поради ова можете да го видите како декорација во многу десерти. 24-каратното злато најчесто се продава како ливчиња или снегулки и ова е најчистата форма злато за консумирање. Ако златото има помалку од 24 карати, тоа значи дека има и други хемиски состојки и не е безбедно за јадење.

8. Глина

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

Сигурно ви се познати придобивките од глината како продукт за убавина. Но во некои делови од светот глината е дел од исхраната на луѓето, најмногу во Блискиот Исток и Африка. Исто така глината може да се користи како додаток од страна на луѓето кои имаат недостаток од цинк. Глината ги отстранува токсините од желудникот и на овој начин го одржува здравјето на дигестивниот систем. Имајте на ум дека за да ја консумирате, глината треба да биде наменета за тоа.

9. Креда

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

Кредата е природна и нетоксична супстанца бидејќи претставува чист калциум карбонат. Иако нема никакви здравствени придобивки, сепак е безбедна за јадење. Постои нарушување каде што луѓето имаат потреба од консумирање продукти без хранлива вредност и јадат креда. Ова најчесто се појавува кај бремените жени и луѓето со недостаток на железо.

10. Пластелин

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

Бидејќи децата често го јадат пластелинот додека си играат, многу компании го прават што е можно побезбеден. Овој пластелин е направен од брашно, прехранбена боја, вода, сол минерално масло и борна киселина. Сепак, не се препорачува редовно да се јаде пластелин и доколку се случи тоа, веднаш повикајте брза помош.

11. Гнезда на птици

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

Гнездата на птици што се јадат се голем дел од прехранбената индустрија во Кина, најмногу поради уникатниот вкус и хранливата вредност. Гнездата се направени од плунката на вид птици кои потекнуваат од Југоисточна Азија. Бидејќи нивното собирање е опасно, а подготовката тешка, можат да достигнат цена и од над 7.000 евра за килограм. Гнездата се богати со протеини и аминокиселини, а имаат и антивоспалителни својства.

12. Земја

12 неочекувани нешта што всушност можете да ги јадете

Јадењето земја е честа појава, особено помеѓу децата. Интересно е што ова појава постои и кај возрасните. Сепак, оваа навика може да биде опасна поради хемикалиите и паразитите што се наоѓаат во неа. Во некои случаи, доколку земјата е 100% органска и не е третирана со никакви хемикалии, можете слободно да ја јадете.

Ги знаете ли овие необични видови храна што се појавија оваа година?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар