12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето
7. Наместо утринско кафе, напијте се зелен чај
Кафето, особено ако не е филтрирано, содржи кафестол, молекула која може да го зголеми нивото на холестерол. Избегнете го насобирањето на лошиот холестерол и наутро пијте зелен чај или каков било друг чај од билки.
8. Пробајте одвреме-навреме и да постите
Јадеме и јадеме, а потоа јадеме уште малку. А повеќето од оваа храна е преработена и полна со рафинирани шеќери. Постот од 1 или 2 дена ќе го исчисти вашето тело и ќе го подготви за поздрава исхрана така што ќе го намали вашиот апетит.
9. Одете во сауна или вежбајте
Потењето е природен начин за чистење на телото од токсини. Колку повеќе се потите, толку „почисти“ станувате. Одете во сауна и испотете се. Сепак, консултирајте се со вашиот лекар бидејќи за некои луѓе со одредени здравствени проблеми не е препорачливо да се изложуваат на високи температури. Друг начин да се испотите е вежбањето. Одберете што ви одговара најмногу и почнете уште денес.
10. Пробиотиците нека ви станат омилени
Вашиот дигестивен систем, и тоа колку добро работи, е клучно за добро чистење на организмот. За подобра функција на стомакот и цревата, внесувајте пробиотици како додатоци во исхраната, или внесувајте ги од прехранбени производи. Храната со најмногу пробиотици се кефирот и јогуртот. Пијте барем 1 чаша дневно и дигестивниот систем ќе ви биде благодарен.
11. Научете да правите смуди за детоксикација
Промената на навиките за јадење може да биде навистина ефективна ако сакате да го исчистите организмот. Јадењето многу сирови влакна може да ја подобри дигестијата и природно да го исчисти вашиот организам. Правете смуди со овошје и зеленчук или со пробиотици, како кефир и јогурт. Можете да комбинирате што сакате, сè додека продуктот е свеж.
12. Детоксикација со јонска вода
Друг начин за чистење на телото е користење јонска вода. Салоните за убавина ја нудат оваа опција после педикир. Апаратот можете да го набавите и во продавница и да го користите дома.
Прочитајте и за тридневната детоксикација на организмот.