12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги - Part 2

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

7. Склекови и задржувања

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Застанете во положба за склекови, со дланките под рамената и исправени лакти. Стегнете ги стомачните мускули и исправете го грбот. Спуштете ги градите кон подот и останете во таа положба колку што можете. Вратете се во почетната положба.

8. Велосипед

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Легнете на грб и ставете ги дланките зад главата. Подигнете ги колената кон вашите гради. Исправете ја едната нога, а горниот дел од телото завртете го кон другата страна така што ќе го споите лакотот со спротивното колено. Повторете од другата страна.

9. Цик-цак

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Легнете на грб и подигнете ги нозете, но држете ги исправени. Подигнете ја едната нога над другата и обратно правејќи цик-цак движење.

10. Стомачни со цело тело

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Легнете на грб. Подигнете ги нозете и доближете ги колената до вашите гради подигајќи го горниот дел од телото. Вратете го горниот дел од телото назад. Нозете држете ги кренати во текот на сите повторувања.

11. Обратни стомачни

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Ова е една од најефективните вежби за стомачни. Легнете на грб со споени колена и свиткајте ги нозете под агол од 90 степени. Бавно подигнете ги колковите. Задржете ја положбата неколку секунди, па спуштете се доле.

12. Супермен

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Легнете на стомак и испружете ги рацете пред вас. Истегнете ги колку што можете држејќи ги лактите исправени. Подигнете ги нозете и рацете од подот, задржете неколку секунди и вратете се во почетната положба.

Повторувајте ги овие вежби неколку пати неделно, па дури и секој ден ако можете и резултатите ќе ве воодушеват. Запомнете дека упорноста е најважна.

Пробајте ги и овие вежби за послаби нозе и позатегнат задник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар