12 чудни трикови за убавина кои е најдобро да ги заборавите
9. Брашно како замена за бела пудра
Едноставно, ако немате бела пудра, ставете си брашно на лицето.
Резултат: Брашното ќе ви се налепи на целото лице и ќе ви влезе во очите и во устата. Згора на тоа, го нема истиот ефект како пудрата.
10. Нанесување туш со помош на кредитна картичка
И овој трик е наменет за девојките кои не можат да нацртаат права линија со тушот. Можете да користите кредитна картичка или нешто слично.
Резултат: Навистина е тешко да нацртате права линија на овој начин. Воопшто не изгледа природно. Полесно ќе ви биде ако се шминкате со „слободна рака“.
11. Селотејп за цртање веѓи
Ако не можете правилно да си ги нацртате веѓите, ставете селотејп околу нив и обојте го местото помеѓу селотејпот.
Резултат: Веѓите изгледаат премногу прави и неприродни. Сигурно нема да сакате да излезете од дома со вакви веѓи.
12. Миење заби со сапун за да бидат поздрави
Не ни помислувајте на овој трик. Речиси сите сапуни имаат негативни ефекти ако случајно ги голтнете, како дијареја и повраќање. Користете паста за заби.
Погледнете ги и триковите за убавина од нашите баби кои всушност се ефикасни.