11-те кариери кои имаат најлошо влијание на љубовните врски - Part 2

11-те кариери кои имаат најлошо влијание на љубовните врски

6. Политичари

(6)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Сигурно не е лесно да бидете во чевлите на партнерот на претседателот. А не им е лесно ни на партнерите на политичарите. Ако сакате навистина да ви се преврти стомакот, изгледајте ја првата епизода од ТВ серијата Црно огледало (Black Mirror).

7. Војници

(7)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Да бидете во врска со некој што е во воена служба може да биде навистина тешко. Мисиите може да траат со месеци, ако не и со години. Исто така преголем е ризикот од повреди, па дури и смрт. Стресот од работата предизвикува многу нарушувања, а тоа ќе ја направи врската уште потешка.

8. Пилоти и стјуардеси

(8)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Овие луѓе многу често се отсутни. Патувањето на далечни егзотични дестинации може да биде тешко во секоја врска. Покрај тоа, самата работа е премногу стресна. Пилотите се одговорни за животите на стотици луѓе, а стјуардесите многу често се изложени на секакви навреди.

9. Директори

(9)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Кога сте на врвот на една организација, сè се менува. Ќе бидете одговорни за секој и сешто. Постои причина зошто овие луѓе заработуваат толку многу. Можеби ќе бидете главни на работното место, но тоа не значи дека ќе бидете главни во домот или во врската.

10. Медиуми

(10)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Без разлика дали сте новинари или колумнисти, работењето за некој медиум си има последици. Новинарите во весниците, на пример, имаат лоша плата а работат долги часови. Ако пак сте позната фигура од медиумите, ќе привлекувате многу внимание кое можеби нема да му се допаѓа на партнерот.

11. Наставници

(11)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

Можеби нема ништо потешко од тоа да бидете наставник во основно училиште. Вие ќе бидете одговорни за 20-тина деца со разни позадини, способности и ментални состојби. Овде е и администрацијата која секогаш ќе бара повеќе од вас, постојаните промени, и барем еден родител кој ќе ве обвинува за слабиот успех на неговото дете. Додека да се вратите дома, вие веќе ќе бидете преморени и за вашето семејство.

Погледнете и со кои ваши постапки си ја уништувате кариерата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар