11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации - Part 2

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

6. Изгаснете оган со сода бикарбона

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

Ако ви се запали ринглата или маслото во тавичката, немојте да ги гасите со вода. Наместо тоа истурете сода бикарбона. Кога содата ќе дојде во контакт со оган, ќе се ослободи јаглероден диоксид и огнот ќе згасне. Овој метод е добар само за мал оган бидејќи е потребно многу сода бикарбона ако е поголем.

7. Како брзо да се смирите кога паничите?

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

Паниката е еден од главните фактори што ви ги намалува шансите за преживување во опасна ситуација. Поради ова е важно да знаете како да се стабилизирате.

  • Приземјете се. Почнете да ги именувате предметите околу вас, допрете ја земјата, бројте ги дрвата или другите предмети што ги гледате. Овие постапки ќе ви помогнат да се вратите во сегашноста.
  • Дишете бавно. Вдишувајте и издишувајте од носот. Обидете се да дишете со стомакот и фокусирајте се на долго издишување.
  • Кажувајте на глас сè што чувствувате.
  • Дефинирајте ги мерките што ќе ги преземете за да се спасите.

8. Користете го телефонот како рефлектор ако минувате улица на темно место

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

Можете да го користите телефонот или камерата како рефлектор кога минувате слабо осветлена улица. Ова ќе им помогне на возачите да ве забележат и да реагираат навреме.

9. Помирисајте камфор за да се ослободите од „тунелскиот вид“

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

Ако возите повеќе од 6 часа, можете да се соочите со „тунелски вид“. Ова се случува кога вашето внимание е насочено на патот и на предметите лоцирани пред автомобилот. Истовремено престанувате да забележувате што се случува по страните и можете да испуштите некој пешак. За да ја намалите напнатоста на очите, помирисајте крпа навлажнета со камфор. Ќе се чувствувате подобро и ќе ви се зголеми фокусот.

10. Почнете да го дувате или чешате носот за да го одвлечете вниманието на напаѓачот

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

Ако не се чувствувате безбедно, почнете да се однесувате како хистерична жртва – плачете, дувајте го или чешајте го носот. Најверојатно напаѓачот ќе погледне настрана, а ова ќе ви даде шанса да избегате. И полицајците го користат овој трик кога сакаат да проверат дали некој ги следи. Ако почнете да го дувате носот, личноста што ве следи ќе погледне настрана. За да бидете сигурни повторете го ова по неколку минути.

11. Носете лажен доказ дека сте ХИВ позитивни

11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации

Овој совет не само што ќе ве спаси од силувач, туку и од крадец. Ако станува збор за неедуцирана личност, најверојатно ќе се исплаши и нема ни да ве допре од страв дека ќе му ја пренесете болеста.

Добро е да ги знаете и овие совети и трикови за преживување опасни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар