11 скриени симптоми за рак на дојка што мора да ги знаете - Part 2

11 скриени симптоми за рак на дојка што мора да ги знаете

7. Болка во горниот дел од грбот

(7)11-skrieni-simptomi-na-rak-na-dojkata-kafepauza.mk

Оваа болка речиси никогаш не е причина за грижа, но кај некои луѓе таа се појавува како симптом на рак. Болеста може да предизвика болка помеѓу плешките која е слична како онаа од истегнат мускул. Оваа болка нема да се намали со истегнување ако е поврзана со рак. Првите места на коишто се проширува ракот на дојката најчесто се ‘рбетот и ребрата.

8. Отоци под пазувите

(8)11-skrieni-simptomi-na-rak-na-dojkata-kafepauza.mk

Сигурно веќе редовно проверувате дали имате отоци на вашите гради, но важно е да проверите и под пазувите. Ако почувствувате каков бил израсток, големи се шансите тој да се наоѓа во вашата дојка. Ако се потечени лимфните жлезди, тие можеби реагираат на ракот и се обидуваат да го отстранат од вашиот систем. Сепак, израстоците под пазувите не се секогаш причина за грижа. Но ако израстокот го чувствувате веќе со недели, најдобро е да се консултирате со лекар.

9. Болки во градите

(9)11-skrieni-simptomi-na-rak-na-dojkata-kafepauza.mk

Некои жени кои имале рак на дојката изјавиле дека почувствувале само мал израсток. Но кај други имало повеќе мали тумори кои биле „расфрлани“ низ ткивото на дојката. Овие мали тумори може да предизвикаат болка, особено ако се зад брадавицата или во млечните канали. Болката може да варира, но според пациентите таа е слична на електричен шок. За слични болки лекарите најчесто препишуваат антибиотици за инфекција. Ако чувствувате болка и после терапијата, кажете му на вашиот лекар да направи понатамошни испитувања.

10. Меко ткиво во градите

(10)11-skrieni-simptomi-na-rak-na-dojkata-kafepauza.mk

Кога ги проверувате вашите гради, сигурно очекувате да почувствувате безболна тврда маса. Овие тврди израстоци може да бидат знак за рак, но и мекото ткиво може да биде канцерогено. Кај некои жени ткивото е кружно и меко. Ако забележите ваква аномалија на вашите гради, најдобро е да се проверите.

11. Висока температура

(11)11-skrieni-simptomi-na-rak-na-dojkata-kafepauza.mk

Секој имал висока температура барем еднаш во животот, но доктор Чи-Ченг Хонг открил чудна поврзаност помеѓу температурата на телото и ракот на дојката. Хонг открил дека луѓето каде што ракот бил дијагностициран во понапредна фаза имале повисока температура за разлика од оние кои ја откриле болеста порано. Покрај тоа, една година по дијагнозата, многу пациенти со рак на дојката изјавиле дека им било студено. Ако вашиот симптом е само висока температура, нема за што да се грижите.

Дали можете да го намалите ризикот?

(12)11-skrieni-simptomi-na-rak-na-dojkata-kafepauza.mk

Не можете да ја победите генетиката, но постојат некои животни промени кои ќе го намалат ризикот од рак на дојката. Ограничете го пиењето алкохол на еден пијалак дневно, избегнувајте ги цигарите и вежбајте редовно. Овие совети се добри за долг и здрав живот, но листата не завршува овде. Се верува дека и доењето може да го намали ризикот од рак на дојка. Исто така, постои поврзаност помеѓу хормоналната терапија за симптоми од менопауза и ракот на дојката. Долгата изложеност на хормонална терапија, радијација, како и загадување на околината може непотребно да ви го зголеми ризикот.

Како сами да се прегледате?

Не секој со рак на дојка чувствува израстоци пред дијагнозата. Но, 40% од дијагностицираните случаи биле откриени бидејќи жените почувствувале необичен оток во нивната дојка. Ова значи дека ако не се проверувате барем еднаш месечно, сега е добро време да почнете со тоа. Проверката е многу лесна. Легнете на грб и ставете ја десната рак под глава, а под вашето десно рамено ставете перница. Со врвовите на прстите правете кружни движења по десната дојка и не заборавајте да проверите под пазувите. Направете го истото и на другата страна. На овој начин лесно ќе забележите промена бидејќи ткивото од дојките ќе биде распоредено врз градниот кош.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар