11 секојдневни навики што имаат скриено влијание на нашиот изглед
6. Нанесување крема со заштитен фактор само на лицето
Сите кои се грижат за својата убавина знаат дека треба да ја заштитат кожата дури и во урбана средина. Но многумина не знаат дека кремата треба да ја нанесете и на вашиот врат, гради и дланки, а не само на лицето. Како што старееме, нашата кожа е посклона кон оштетување од сонцето. Исто така како што се грижите за вашето лице, треба да се грижите и за вашите врат и гради.
7. Нанесување шминка веднаш по средувањето на веѓите
Секој потег со пинцетата е како мала траума и зголемен ризик од појава на инфекции. Имајќи го ова на ум, треба да знаете дека не се нанесува шминка веднаш по средувањето на веѓите. Најдобро е да ја исчистите кожата со марамче за дезинфекција. Исто така чистете ги вашите четки за шминкање на секои 2 недели. Ризикот од инфекција доаѓа и од валканата пинцета, па чистете ја пред секоја употреба.
8. Нанесување пудра на мрсна кожа
Немојте да нанесувате пудра кога кожата ви е мрсна, освен ако не сакате затворени пори и акни. Прво отстранете ги маснотиите, па дури потоа нанесете ја пудрата. Ако не го исчистите лицето сите нечистотии ќе останат под новиот слој шминка.
9. Користење пилинг
Повеќето козметичари не го оправдуваат користењето пилинзи, особено оние кои имаат арома. Ексфолијацијата на кожата може да го зголеми лачењето на масти, па кожата останува дехидрирана. Најдобро е да користите пилинзи или маски за лице чија основа е млечна или гликолична киселина.
10. Џвакање гума
Постојаното џвакање гума прави вашата вилица да зазема разни позиции. Порано или подоцна, ова предизвикува промени како што се брчки околу вашата уста. Подобро е да ја замените гумата за џвакање со друг вид освежувач на здив.
11. Туширање со жешка вода
Жешката купка за некои е начин на релаксација. Но ако ова го правите често, само ѝ наштетувате на вашата кожа. Ефектот кој го има жешката вода на кожата е сличен со изгореници од сонце и го нарушува природниот баланс. Поради ова се појавуваат иритација, сувост, инфекции и чешање. Дерматолозите советуваат да ја намалите температурата на водата, туширањето да трае пократко, да користите навлажнувач за кожа и да ги користите најнежните продукти за капење без ароми, парабени или агресивни состојки.
Погледнете ги и овие кратки и евтини совети за убавина кои треба да ги знае секоја девојка.