11 необични видови храна што се појавија оваа година - Part 2

11 необични видови храна што се појавија оваа година

6. Месо за вегетаријанци

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Алтернативното место изгледа, мириса и има вкус како вистинско месо. Разликата е тоа што е направено од зеленчук. Ова месо содржи растителни протеини, аминокиселини, масни киселини, витамини, минерали и микроелементи. Целта на креаторот на месото е да ги натера луѓето да престанат да јадат месо од животинско потекло.

7. Растително млеко

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Компанијата Ripple направила нов вид млеко што можеби е многу подобро од она од животинско потекло. Растителното млеко има исто количество протеини колку и кравјото, но содржи 50% повеќе калциум и има железо и витамин Д. Засега е достапно со 3 вкусови – традиционален, ванила и чоколадо.

8. Здрава замрзната храна

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Полупреработените продукти повеќе нема потреба да ги сметате за нездрави. Новата ера на замрзната храна ветува дека таа ќе биде и здрава и вкусна. Компанијата Love The Wild замрзнува риба и додава зачини и сосови. Сè што вие треба да направите е да ја поставите рибата на хартија за печење и да ја ставите во рерната. Истите оброци ги има и за микробранова печка.

9. Кисела вода со есенцијални масла

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Секоја година компаниите што продаваат вода бараат начин да ја направат киселата вода помалку штетна. Повеќето од нив ја отстраниле употребата на шеќер, натриум и вештачки засладувачи. Сега се одлучиле да ги заменат вештачките вкусови со есенцијални масла.

10. Супа суперхрана

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Производителот на супите за пиење го нуди овој продукт наместо сендвичи и друг вид храна што обично би го понеле на работа. Овие оброци се практични и потребно е само да го отворите шишето и да ја испиете вашата супа.

11. Остатоци од зеленчук

11 необични видови храна што се појавија оваа година

Сè што сме фрлале досега, оваа година станува тренд во исхраната. Овде спаѓаат деловите од овошјето и зеленчукот што ги фрламе. На пример, листовите од морков се употребуваат за супи и салати, лушпата од лубеница се употребува за џем, а долниот дел од брокулата за палачинки со зеленчук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар