11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки - Part 2

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

6. Зелен чај и алое вера

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Зелениот чај ја подмладува кожата, ги отстранува акните и го спречува стареењето. Алое верата е исто добра за акните и ги израмнува брчките на лицето.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 1 лажичка зелен чај со 1 лажичка гел од алое вера.
  • Оставете да делува на кожата 30 минути.
  • Исплакнете со студена вода.

7. Кокосово масло и какао

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Маската со какао е одлична за зачувување на младоста на кожата поради витаминот Б5. Исто така тоа создава ефект на лифтинг. Во комбинација со кокосово масло, оваа маска ја храни и влажни кожата и ги отстранува мртвите клетки.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 1 лажица какао во прав со 1 лажичка кокосово масло.
  • Оставете ја маската да делува на кожата 20 минути.
  • Исплакнете со топла вода или со чај од камилица.

8. Леб и млеко

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Во козметиката лебот се користи за лицето поради аминокиселините, Б витамините и ПП минералите. Маските со леб и млеко ги намалуваат брчките, ги отстрануваат митесерите, ги зајакнуваат капиларите на лицето и ги намалуваат воспаленијата.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 1 лажица леб со 1 лажичка топло млеко.
  • Направете паста од смесата.
  • Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 минути.
  • Исплакнете со вода.

9. Банана и овес

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Оваа маска е одлична за сува и чувствителна кожа. Бананата содржи витамини А, Б и Ц и ја храни и навлажнува кожата. Овесот ги отстранува мртвите клетки.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 1 лажица овес со 1 лажица пире од банана.
  • Нанесете на кожата и оставете да делува 20 минути.
  • Исплакнете со топла вода.

10. Активен јаглен и желатин

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Во желатинот има природен колаген кој лесно навлегува во кожата и ја прави еластична. Активниот јаглен ги суши и намалува порите и ја намалува појавата на акни и митесери.

Начин на подготовка:
  • Растопете 1 лажичка желатин во топла вода.
  • Додајте 1 таблета активен јаглен.
  • Нанесете ја маската и почекајте 15 минути.
  • Исплакнете со топла вода.

11. Белка од јајце и краставица

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Оваа маска ќе направи вашата кожа да заблеска. Краставицата ќе ја исчисти кожата, а белката од јајце е одлична за мрсна кожа.

Начин на подготовка:
  • Измешајте половина краставица со една изматена белка од јајце
  • Нанесете ја смесата на лицето и почекајте 15 минути.
  • Исплакнете со вода.

За да се ослободите од брчките и акните, пробајте ги овие маски за лице со аспирин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар