11 идеи за совршен пролетен состанок
6. Направете вечера на скара
Свежината на скарата никогаш не разочарува. Пилешкото, зеленчуците, плескавиците… сите тие имаат подобар вкус на скара. Па, искористете го топлото пролетно време и запалете ја скарата надвор.
7. Посетете некоја градина
Застанете и помирисајте ги цвеќињата. Пролетта е најдоброто време за набљудување на новите цветови кои се со секакви бои. Па однесете го вашиот партнер во некоја градина на обоена и романтична прошетка.
8. Планинарете
Бидејќи пролетта не е пеколно жешка како летото, ова е совршеното време да одите на планинарење. Најдете патека која не е многу тешка, но сепак ќе ве предизвика и уживајте во пејзажите додека вежбате.
9. Летајте змеј
Упатете се кон најблиската полјана и научете како да контролирате змеј.
10. Направете заедничка градина
Секако е време да ги изнесете вашите градинарски алатки, па зошто да не го направите тоа заедно? Засадете зеленчук, овошје, цветови… Ќе имате свежо овошје и зеленчук за целата сезона кои со нетрпение ќе ги очекувате.
11. Игри на трева
Крикет, фудбал, велосипедизам… пролетта е совршена за некој спортски натпревар на отворено. Не го заборавајте пивото!
Прочитајте ги и овие романтични идеи за уникатен состанок.