11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат - Part 2

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат

6. Не е најдобро постојано да кажувате „Да“

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат

Одговорот „Не“ не секогаш е поврзан со негативност. Всушност, овој збор ја покажува вашата волја и вашата способност рационално да ги одбирате луѓето и настаните со коишто сакате да се справите. Всушност, потребно е да знаете кога треба да кажете „Да“, а кога „Не“.

7. Не сте најнесреќната личност на светот

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат

Речиси секој има пријател кој останува позитивен без разлика на неговите сериозни проблеми. На пример, млада девојка која мора да ги дава сите пари за лекување на родителите, или стара жена која го поддржува нејзиното големо и неблагодарно семејство. Можеби изгледаат среќни бидејќи не сакаат да ги покажуваат нивните проблеми. Поради ова, кога сте очајни потсетете се дека не сте единствената личност со проблеми. Понекогаш проблемите на другите се многу посериозни од вашите.

8. Сите луѓе носат маски

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат

Се однесуваме различно кога сме на работа, со семејството и со пријателите. Носиме различни маски во зависност од околината со цел да се вклопиме најдобро. Поради ова не треба да се изненадите ако вашиот колега е друга личност надвор од работното место. Тој не е лицемер, само ја променил маската.

9. Важно е да размислите за листата на пријатели

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат
Пријателите се важен дел од нашите животи, а стануваат поважни како што стареете. На училиште можеби сте имале дузина пријатели, но штом ќе наполните 30 можете да ги изброите пријателите на само една рака. Постојат два вида пријатели кои имаат лошо влијание на вас.

  • Оние кои ви го влошуваат расположението. Овде спаѓаат луѓе кои постојано имаат проблеми и постојано бараат вие да им ги решите. Иако можеби ги сожалувате, најдобро е да се ослободите од нив.
  • Оние кои си заминуваат кога ви се најпотребни. Штом ќе ја средите ситуацијата, не заборавајте да се збогувате со овој пријател.

10. Никој не размислува исто како и вие

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат

Тинејџерите не залудно сметаат дека никој не може да ги разбере. Всушност, никој на светот не може целосно да ве разбере бидејќи сите го гледаат светот од различна перспектива.

11. Секој што го познавате ве користи на некој начин

11 цинични вистини што повеќето од нас одбиваат да ги прифатат

Можеби ви звучи чудно, но сите ние се користиме на некој начин. Работодавачот ги користи вашите вештини, партнерот ги користи вашите емоции и тело, пријателите ја користат вашата помош… Дури и најблиската личност ве користи бидејќи ѝ е потребна вашата поддршка, друштво или комуникација.

Добро е да ги знаете и овие сурови вистини за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар