10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци - Part 2

10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци

6. Сладок корен

10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци

Некои луѓе го сакаат слаткиот корен, а некои не можат да го поднесат. Доколку сте во првата група, набавете го за оваа зима. Наводно, слаткиот корен може да ви даде енергија и да го намали стресот. Слаткиот корен го подобрува здравјето на надбубрежната жлезда која може да страда поради многу стрес. Покрај тоа, нејзината намалена функција предизвикува замор, што е уште еден зимски симптом.

7. Цвекло

10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци

Цвеклото е познато по неговата силна црвена боја која може да предизвика вистински неред. Сепак, од овој зеленчук има многу здравствени придобивки. Цвеклото содржи многу витамини и минерали и го подобрува целокупното здравје. Покрај тоа цвеклото е одличен извор на јаглехидрати кои согоруваат бавно, што значи дека ќе ви даде енергија.

8. Сладок компир

10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци

Ако сакате да бидете што е можно поздрави, заменете го обичниот компир со сладок. Слаткиот компир има помалку калории и јаглехидрати, но многу повеќе витамини А и Ц.

9. Ореви

10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци

Обично не посегаме по оревите како ужина, но би требало да го промениме тоа. Оревите не само што се вкусни, туку се неопходни за здравјето на нервниот систем.

10. Овес

10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци

Сигурно веќе знаете дека овесот е одличен за вашето здравје. Овесната каша во зима не само што ќе ве стопли, туку ќе ви помогне и да го поминете денот. Овесот е богат со хранливи влакна, а ова прави да се чувствувате сити подолго време. На овој начин ќе ги избегнете нападите на глад и полесно ќе ја контролирате вашата тежина во текот на зимата.

Погледнете и како да го подготвите вашето тело за зимата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар