10 супермодели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате - Part 2

10 супермодели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

6. Миранда Кер

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Миранда се држи до здравата исхрана, но сигурно не гладува. Денот го започнува со чаша топла вода со лимон. Во текот на денот консумира смуди од овошје и зеленчук, лосос со свежа салата и печено пилешко. Еден од омилените оброци што сака да ги прави за неа и за син ѝ се палачинки од банана и овес кои се одлични за појадок.

7. Алесандра Амбросио

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Алесандра го започнува нејзиниот ден со јајца и тост со авокадо, пие зелен сок по утринското вежбање, а за ручек и вечера има нешто хранливо, како пилешко, риба, суши или бразилска скара. Нејзината тајна е пиење вода во текот на целиот ден и пиење зелен чај. Зелениот чај може да го забрза вашиот метаболизам и да го поттикне согорувањето на мастите.

8. Рози Ханингтон Витли

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Рози признава дека следи строга диета без млечни производи, глутен, шеќер и алкохол. Но, не може целосно да се откаже од вкусната храна, па го следи правилото познато како „80/20“. Според овој систем, треба да јадете здраво 80% од времето, а останатите 20% можете да мамите.

9. Кара Делавињ

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Кара честопати е забележувана со брза храна помеѓу модни ревии и фотосесии. Додека повеќето модели држат строги диети, таа е опуштена во врска со храната. Всушност, и самата смета дека е ужасно некој да ѝ каже да ослаби и да гладува. Иако сака пица, хамбургери и друга брза храна, Кара редовно вежба за да го согори вишокот калории.

10. Џиџи Хадид

10 супер модели споделуваат како да останете во форма без да се изгладнувате

Наводно, Џиџи секоја недела пробувала хамбургер во нов ресторан во текот на нејзината прва година во Њујорк. Додека ужива во нејзината омилена храна, таа живее според мотото: „Хранете се здраво за да останете во форма, и изедете хамбургер за да не полудите.“

Погледнете и која „лоша“ храна е всушност добра за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар