10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака - Part 2

10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

6. Ова не функционира

(6)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

„Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе.“ „Ова не функционира.“ Ми треба простор.“ Како и да ја склопите оваа мисла, раскинувањето преку порака секогаш ќе биде табу тема. Без разлика дали сте излегле само два пати или сте биле во сериозна врска, раскинувањето преку порака е многу болно. Земете ги во предвид чувствата на вашиот партнер и не го барајте лесниот излез од оваа ситуација.

7. Докторот ми кажа лоши вести

(7)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Новости кои би го исплашиле слушателот секогаш треба да се кажат лично. Никој не сака да прочита за вашата дијагноза за сериозна болест, особено некој кој ве сака. Немојте да го загрижувате вашиот партнер и најдете време кога можете лично да разговарате за тоа. Ако е навистина итно, подобро е да се јавите наместо да праќате порака.

8. Вашиот роднина (или домашен миленик) умрел

(8)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Праќањето порака дека некој што ви е драг починал едноставно не е добро. Сигурно не треба да објаснуваме зошто. Едноставно не го правете тоа.

9. Извини

(9)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Извинувањата се нешто што треба да го кажете лично. Тогаш вашиот партнер може да виде дека навистина го мислите тоа бидејќи делата кажуваат повеќе од зборовите.

10. Разголени фотографии

(10)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Ова би требало да му е јасно секому, но за жал живееме во свет каде што сè се одвива преку Интернет. Дали сте свесни дека секоја разголена фотографија која сте ја пратиле ќе биде зачувана, а можеби и објавена? Не дозволувајте ова да ви се случи вам, ниту пак на вашиот партнер.

Погледнете и зошто настануваат недоразбирања во пишаната комуникација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар