10 работи кои ќе се случат со вашето тело ако престанете да јадете месо
6. Крвниот притисок ќе ви се намали за една третина
Кога не јадете месо се намалува нивото на холестерол во вашата крв. Овој ефект е сличен на оној кој го имаат лековите за висок холестерол. Но во овој случај нема несакани ефекти, само станувате поздрави.
7. Вашите „добри“ гени ќе функционираат подобро
Научниците откриле дека опкружувањето влијае на работата на нашите гени. Постојат добри и лоши гени. Ако имате нездрав животен стил, лошите гени почнуваат да работат побрзо и можат да предизвикаат хронични болести и дебелина. Кога водите здрав живот, работата на гените се менува. Ова се случува и кога ќе се откажете од местото.
8. Може да има недостаток од хранливи материи
Ако престанете да јадете месо може да настане недостаток на јод, железо, витамин Д и витамин Б12. Но научниците сметаат дека ако во вашата исхрана има зрнести плодови (грав, леќа), јатки, овошје, зелен лиснат зеленчук и житарици, рамнотежата ќе се врати. Недостатокот можете да го надоместите и со додатоци во исхраната, како на пример витамини.
9. Може да ви се намали сетилото за вкус
Цинкот е клучен елемент одговорен за чувството на вкус. Во црвеното месо има многу цинк, но вегетаријанците мораат да најдат друг извор на овој елемент. Јаткастите плодови, производите од цело зрно и млечните производи можат да го овозможат ова. Во просек, на вегетаријанците им е потребно 50% повеќе цинк отколку на луѓето кои јадат месо.
10. На мускулите ќе им биде потребно подолго време да оздрават
Протеините се клучни за зајакнување на мускулите и заздравување после вежбање. Во овој случај добри се и протеините од животинско и од растително потекло. Но, на протеините од растително потекло им е потребно подолго време да почнат да работат. Нутриционистите препорачуваат дека вегетаријанците и веганите треба да консумираат протеини веднаш по вежбањето, бидејќи на овој начин најбрзо се апсорбираат.
Погледнете ги и проблемите со кои се соочуваат вегетаријанците.