10 примени на есенцијалното масло од лаванда како природен лек
6. Намалување на симптомите од астма
Пред сè, важно е да знаете дека ако вие или вашето дете страдате од астма, не се препорачува да користите само лаванда како лек. Астмата е сериозно нарушување и секогаш треба да ги следите инструкциите на вашиот лекар и да не пробувате ништо ново пред да се консултирате со него. Сепак, некои истражувања покажале дека антивоспалителните својства на лавандата може да бидат ефективни за намалување на симптомите од астмата. Можете да го пробате овој третман, доколку вашиот лекар ви каже дека е во ред.
7. Намалување на главоболката
Ако страдате од мигрена, сигурно би направиле сè за да се ослободите од болката. Можете да пробате со некои есенцијални масла, а едно од нив е и лавандата. Најдобро е да ставите неколку капки во зовриена вода и да ја вдишувате пареата. Ако имате главоболки во текот на бременоста, истражувањата покажале дека маслото од лаванда е ефективен и безбеден начин за природно ослободување од болката.
8. Антигабични својства
Ако страдате од каква било помала габична инфекција, може и да нема потреба да одите до аптека. Едно истражување покажало дека маслото од лаванда може да ве ослободи од овие нарушувања. Се разбира, секогаш консултирајте се со вашиот лекар.
9. Намалување на симптомите на депресија
Лавандата се прима орално со векови како лек за разни нарушувања вклучувајќи напади, мигрени и несоница. Изгледа дека ова магично растение може да ги намали симптомите на депресијата и другите нервни нарушувања. Некои неодамнешни истражувања покажале дека оралното примање на лавандата можеби е исто ефективно како и препишаните лекарства за овие состојби.
10. Рамнотежа на шеќерот во крвта
Лавандата е едно од многуте есенцијални масла што е корисно ако сте дијагностицирани со дијабетес. Некои истражувања на животни покажале дека маслото од лаванда може да го регулира шеќерот во крвта. Сепак, и дијабетесот е сериозно нарушување и пред да направите што било консултирајте се со вашиот лекар. Подобро е да ја користите лавандата заедно со другите лекови отколку целосно да ги замените со неа.
Прочитајте и за овие необични употреби на есенцијалните масла.