10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината - Part 2

10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

6. Авокадо за наелектризирана коса

10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

Авокадото може да ви помогне да ја „смирите“ вашата коса. За маската потребно ви е едно авокадо и јогурт. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја 45 минути. Повторувајте го ова 2 пати неделно.

7. Компири за намалување на стриите

10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

Стриите се чест проблем кај многу жени. Сокот од компири го поттикнува обновувањето на кожата, па затоа ги избелува стриите. Сè што треба да направите е да втриете парче компир на проблематичните места, да го оставите да се исуши и потоа да исплакнете.

8. Лажица за темни кругови под очите

10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

Сигурно веќе сте слушнале за вреќичките чај, краставиците и компирите кои можат да ви помогнат да се ослободите од темните кругови наутро. Но, за овој третман потребна ви е само лажица. Пред да нанесете шминка, држете изладена лажица под вашите очи 10-тина минути.

9. Мед за испукани усни

10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

Многу нешта предизвикуваат пукање на усните – топло или студено време, алергии, но и дишење со отворена уста. Медот е традиционален лек за овој проблем и се користел уште во древните цивилизации од Египет, Кина и Африка. Можете да го нанесете пред спиење, да направите мешавина од мед и лимон, или да направите пилинг од мед и шеќер.

10. Мед и лимон за акни

10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

Знаете ли дека лимонот може да ви помогне да се справите со акните? Комбинирајте го со мед и нанесувајте го како маска 2 пати неделно. Покрај тоа ќе забележите намалување на брчките, а кожата ќе ви изгледа посвежа и ќе ви биде помазна.

Погледнете ги и триковите за убавина што можете да ги украдете од вашата баба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар