10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате - Part 2

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

6. Студениот воздух предизвикува настинка

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Можете да настинете само ако дојдете во контакт со вирусот, без разлика дали носите капа или не. Нема потреба да ги обвинувате ветрот, клима уредите и слично. Она што навистина се случува е тоа што сувиот воздух ја суши слузта, па на телото му е тешко да се одбрани од вируси.

7. Ако излезете со мокра коса ќе настинете

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Мократа коса, како дождот и ветрот, не може да предизвика настинка или грип. Постојат три начини да фатите вирус, а вирусите се навистина силни и издржливи. Тие можат да преживеат:

  • На внатрешни површини над 7 денови
  • На облека или хартија околу 12 часови
  • На раце од неколку минути до цел час, во зависност од видот на вирусот
  • На брави до 6 часа

Се разбира, не се препорачува да излегувате со мокра коса бидејќи може да го ослабите вашиот имунитет.

8. Можете да настинете само еднаш во сезона

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Шансите два пати да ја добиете истата настинка се навистина мали. Настинките се предизвикани од вируси, па штом вашиот имунитет еднаш ќе се справи со неа, телото создава антитела. Но постојат над 200 видови вируси и настинки, па можете да се разболите два пати и повеќе.

9. Настинката може да се излечи за еден ден

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Многу луѓе мислат дека ако земат многу разни лекови, ќе оздрават за еден ден. Но овој мит е опасен. На телото му е потребно време за закрепнување и ако земате лекови што само ги намалуваат симптомите, може да му наштетите на срцето. Исто така внимавајте на лековите со парацетамол – поголемата доза може да го оштети црниот дроб.

10. Треба да исчезнат сите симптоми за да продолжите со нормалниот живот

10 митови за грипот и настинката во кои треба да престанете да верувате

Кашлицата и течењето на носот можат да траат и до 4 недели, така што нема потреба да чекате да исчезнат сите симптоми. Ако се чувствувате добро, можете да си продолжите со вашите обврски.

Погледнете и како можете да се заштитите од грип.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар