10 луди стандарди за убавина од минатото за кои нема да ви се верува дека постоеле - Part 2

10 луди стандарди за убавина од минатото за кои нема да ви се верува дека постоеле

6. Англија, 17-ти век – видливи вени

(6)10-ludi-standardi-za-ubavina-od-minatoto-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postoele-kafepauza.mk

За да го истакнат нивното благородничко потекло, жените користеле син молив за да исцртаат вени на нивните врат, гради и рамена.

7. Викторијанска ера – гризење на устата

(7)10-ludi-standardi-za-ubavina-od-minatoto-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postoele-kafepauza.mk

Кралицата Викторија ја забранила употребата на козметика. Како и да е, ова не ги спречило дамите да најдат излез од ситуацијата. Наместо руменило и кармин, тие ги гризеле своите усни и ги штипеле нивните образи.

8. 19-ти век – арсен за убавина

(8)10-ludi-standardi-za-ubavina-od-minatoto-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postoele-kafepauza.mk

Во 19-тиот век било модерно да се јаде арсен за да се добие свеж изглед на лицето, сјај во очите и заобленост на телото. Сепак, постоеле несакани ефекти – арсенот се акумулира во тироидната жлезда и предизвикува гушење, а понекогаш и смрт.

9. Викторијанска ера – зелени фустани

(9)10-ludi-standardi-za-ubavina-od-minatoto-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postoele-kafepauza.mk

Зелената боја била измислена во оваа ера, па станала вистински тренд помеѓу следбениците на модата. За да се направи, се користела мешавина од арсен и бакар и бавно го убивала сопственикот на фустанот. Бојата предизвикувала иритација и постепено навлегувала под кожата. Ѕидовите на куќите исто така биле обоени со оваа боја, па луѓето биле изложени на голем ризик.

10. Европа, 18 век – бемки

(10)10-ludi-standardi-za-ubavina-od-minatoto-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postoele-kafepauza.mk

Ова е период кога се користело многу козметика и од особена важност биле вештачките бемки. Тие не само што биле дел од шминката, туку биле и алат за флертување:

  • Полумесечина – покана за состанок
  • Срцевидна форма – љубов
  • Бемка на горната усна – дамата е сингл и отворена за предлози за брак
  • На десниот образ – во брак
  • На левиот образ – вдовица

Погледнете ги и овие застрашувачки викторијански стандарди за убавина


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар