10 грешки со дивите животни кои може да ве чинат живот - Part 2

10 грешки со дивите животни кои може да ве чинат живот

4. Ако ве нападне дива свиња

(4)10-greshki-so-divite-zhivotni-koi-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-kafepauza.mk

Всушност овие напади се многу ретки бидејќи дивите свињи бегаат кога ќе забележат човек. Сепак, понекогаш може да дојде до напад.

Што да не правите:
  • Немојте да бегате. Животното ќе ве стигне.
  • Немојте да користите оружје. Дивите свињи имаат многу дебела кожа, па нападот со оружје само ќе ги разбесни.
Што да правите:
  • Сокријте се зад дрво. Животното ќе ве изгуби од поглед.
  • Качете се на дрво.
  • Правете гласна врева.

5. Лилјак во домот

(5)10-greshki-so-divite-zhivotni-koi-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-kafepauza.mk

Што да не правите:
  • Немојте да паничите. Немојте да бидете суеверни. Голема е веројатноста животното да се изгубило и не е таму за да ве нападне.
  • Немојте да го допирате со голи раце.
  • Немојте да исфрлите заспан лилјак преку прозорецот.
Што да правите:
  • Тргнете ги настрана сите ваши домашни миленичиња.
  • Ставете дебели ракавици.
  • Почекајте додека животното застане на некоја површина, а потоа внимателно земете го.
  • Можете да го покриете со кутија и така да го фатите.
  • Ако лилјакот е буден, излезете надвор и почекајте го сам да излета.
  • Ако лилјакот спие, почекајте го да се разбуди. До тогаш покријте го со кутија на која претходно ќе направите дупки за воздух.

6. Ако ве забележи којот, лисица или чакал

(6)10-greshki-so-divite-zhivotni-koi-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-kafepauza.mk

Што да не правите:
  • Немојте да бегате. Животното може да ве следи.
  • Немојте да му се приближувате и да се обидувате да си играте со него.
Што да правите:
  • Внимателно повлечете се.
  • Викајте.
  • Испружете ги рацете или облеката за да изгледа како да сте се зголемиле.
  • Фрлете камен кон животното (не директно на него) или преправајте се дека ќе го фрлате.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар