10 чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки - Part 2

10 чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки

6. Темно чоколадо со мента

Homemade Christmas Peppermint Bark Dessert

Потребни состојки за 12 парчиња:
  • 350 грама темно чоколадо
  • 1/2 кафена лажичка екстракт од мента
  • 5 ментол бонбони
Начин на подготовка:

Растопете го чоколадото и додајте го екстрактот од мента. Во тава ставете хартија за печење и врз неа истурете ја смесата од чоколадо. Врз неа ставете ги искршените ментол бонбони. Замрзнете ја смесата, околу 5 минути. Откако ќе замрзне, искршете го чоколадото и послужете.

7. Чоколадна пита без печење

(7)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 8 парчиња:
  • Готово тесто за пита (со дијаметар околу 20 сантиметри)
  • 6 парчиња чоколадо со просечна големина
  • 300 грама шлаг
Начин на подготовка:

Растопете го чоколадото, додајте го шлагот и нанесете ја смесата на готовото тесто за пита. Ставете ја питата во фрижидер околу 2 часа, а потоа послужете.

8. Чоколаден милкшејк

(8)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 2 милкшејка:
  • 200 милилитри млеко
  • 60 милилитри чоколаден сируп
  • 3 топки сладолед од ванила
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете.

9. Чоколадни коцки

Homemade Chocolate Fudge 2

Потребни состојки за 30 коцки:
  • 200 грама чоколадо
  • 140 грама слатка хопла
  • 150 милилитри кондензирано млеко
  • 1 лажица несолен путер
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ги на оган. Мешајте додека не се растопат путерот и чоколадото. Во тава ставете хартија за печење и нанесете ја смесата во неа. Оставете целосно да се излади.

10. Чоколадна торта во филџан

Warm chocolate cake in a mug sprinkled with icing sugar and fres

Потребни состојки за едно послужување
  • 1 јајце
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 лажица шеќер
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во филџан и промешајте. Ставете го филџанот во микробранова печка околу 1 минута. На крај можете да додадете и шлаг како декорација.

Погледнете ги и овие кратки и лесни рецепти од 3 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар