13 интересни начини да пиете повеќе вода
Во што најмногу гледате во текот на целиот ден? Ако сте како повеќето луѓе, сигурно во вашиот телефон. Па зошто да не го искористете тоа во ваша предност? Ставете потсетник на вашиот телефон, па секој пат кога ќе го погледнете ќе се сетите дека треба да се напиете вода.
Кога јадете лута и зачинета храна, сигурно првото нешто по кое посегнувате потоа е водата. Ако можете да издржите, додајте лута храна во вашето мени. Ќе забележите дека на овој начин ќе пиете повеќе вода.
Нема ништо поздодевно од тоа да бидете заглавени во метеж. Возењето исто така е дехидрирачко, особено ако времето е топло. На долги патувања обидете се да си наместите потсетници да пиете вода на секои 20 минути. Подобро ќе внимавате на автопатот и ќе грицкате помалку.
Ако користите сламка ќе забележите дека многу побрзо пиете. Можеби затоа што пиењето со сламка е поинтересно или пак, е полесно.
Симнете една од многуте апликации кои се достапни за вашиот смартфон. Луѓето сакаат кога имаат визуелен приказ за нивниот напредок. Ова ќе ве охрабрува бидејќи постојано ќе гледате како ја постигнувате целта.
Додајте парчиња овошје, листови од нане, ѓумбир или некои други вкусни тревки. Ова значително ќе го подобри вкусот на водата.
Кој вели дека можете да внесувате вода само од чаша? Има многу вкусна храна која ќе ви помогне да внесувате повеќе вода и да останете хидрирани. Додајте овошје и зеленчук со висок процент на вода во вашата исхрана. Најдобар избор се краставиците (96% вода), тиквичките (95% вода), лубеницата (92% вода) и цитронот (91% вода).
Погледнете ги и овие совети за пиење вода од древните мудреци.