Знаете ли во кои земји најмногу се консумира алкохол?
10. Словачка
Во 2012 година, во оваа источноевропска земја биле испиени 10,76 литри алкохол по лице, претпочитајќи го шпиритусот пред пивото и виното.
9. Германија
Германците во изминатата декада пиеле сѐ помалку и помалку, со мали отстапки забележани во 2006-тата година, а тука најчесто конусмиран пијалак е пивото.
8. Русија
Русите пијат многу малку вино (1,23 литри по лице), споредбено со шпиритус (5,63 литри), што е од една страна изненадувачки, затоа што Русите се познати по нивната вотка.
7. Унгарија
По стигнувањето на највисокото ниво на консумирање алкохол во 2006-та година, Унгарците пијат помалку. Иако тие пијат најмногу пиво, шпиритусот и виното не се далеку од нив.
6. Луксембург
Луксембург е најмалата земја на листата, со популација од околу 555.000 жители, но се наоѓа на шестата позиција според пиењето алкохол во светот, иако потрошувачката почнува да се намалува. Жителите на Луксембург особено уживаат во вино и тие пијат најголеми количини споредбено со останатите држави од листата.
5. Ирска
Во 2004-та година Ирците пиеле најмногу алкохол во западноевропските земји, со просек од 14,24 литри по личност. Ирците сакаат пиво и тие се наоѓаат втори на листата на потрошувачи на пиво.
4. Франција
Нивоата на пиење во Франција се најмали од водењето евиденција која започнала во 2000-тата година, но оваа земја сѐ уште се вбројува во првите пет, најмногу поради нејзината потрошувачка на вино, со просек од 7 литри по личност во 2012-та година.
3. Чешката Република
Годишното ниво на алкохол во Чешка се движи од 12,5 до 13,5 литри. Тука најпопуларен пијалак е пивото и по жител, Чесите консумираат повеќе пиво од која било друга земја на листата.
2. Литванија
Консумирањето алкохол во оваа источноевропска земја бележи пораст од 2000-тата година, од 9 литри по глава жител, до приближно 14,5 литри. Шпиритусот, а потоа и пивото, се популарни пијалаци, со многу мала консумација вино.
1. Белорусија
Белорусија е единствената држава која има постигнато 15 и повеќе литри алкохол по жител, иако нивото почнува малку опаѓа. Белорусите пијат повеќе шпиритус од која било друго земја, а нејзините соседи, Русија и Литванија, доаѓаат блиску на второто и третото место соодветно.
Katastrophe