Жените поседуваат моќ: 20 портрети на храбри жени кои се впишале во историјата
Мажите отсекогаш биле синоним за моќ и храброст, а местото на жените отсекогаш било во кујната и со децата. Но храброста не е карактеристика само на мажите. Во текот на историјата положбата на жените еволуирала, па дури во 20-тите години на минатиот век жените како Роза Луксембург и Клара Цеткин успеале да стекнат права на работа, едукација и слично, кои претходно биле строго забранети.
Ова е една похрабра слика која ги отсликува жените како еднакви со мажите, а можеби дури и похрабри од нив. Погледнете ги овие 20 жени кои одлучиле да го ризикуваат својот живот, а со тоа и да се впишат во историјата.
1. Ни небото не е граница
Маргарет Бурк – Вајт качена на врвот од зградата Крајслер во 1930 т.е. годината кога ја отвориле. Со повеќе од 300 метри висина, овој облакодер во арт деко стил е највисоката градба до 1931, кога била свечено отворена зградата Емпајр Стејт Билдинг.
2. Маратонска жена
Во 1967, Кетрин Свицер е првата жена која го истрчала Бостонскиот маратон. И покрај напорите на Џон Семпл да ѝ го откине бројот, таа успешно го завршува маратонот.
3. Храбар потег
Олимпијката Гертруд Едерл на 6 август 1936 станала првата жена која целосно го препливала Англискиот канал.
4. Жени во униформи
Уште првата година кога на жените им било дозволено да се придружат на војската (1918), група жени влегуваат во Американската морнарица.
5. Спремна на сѐ
106-годишна Американка е спремна да го брани својот дом за време на протерувањето на Американците од Баку, Азербејџан што започнало во 1990.
6. Верба и храброст
Муслиманка ја крие жолтата ѕвезда на нејзината комшивка Еврејка под својот вел во Сараево, 1941.
7. Летачки желби
Жени-пилоти пред тргнување за време на Втората светска војна.
8. „Вини заварувачката“
„Вини заварувачката“ e име коe им се давало на околу 2.000 жени за време на војната. Оваа слика е направена на Американското бродоградилиште во 1943.
9. Кошаркарски соништа
Универзитетот Смитс е првата образовна институција која имала сопствен женски кошаркарски тим (околу 1902 година).
10. Фри стајл
Елен О’Нил – првата професионалка во возење скејтборд во 1976.