Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме - Part 2

Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме

6. Одржување корпорациски настани од кои подоцна ви е срам

Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме

Денес директорите и менаџерите сметаат дека пијанството не е искуството што им е потребно на нивните вработени, па го намалуваат количеството алкохол на забавите во фирмите. „Паметните“ корпорациски настани стануваат многу популарни овие денови. Тие ги поврзуваат вработените преку работилници, тренинзи и спортски активности.

„Едноставно ги зедовме велосипедите и се возевме, ловевме риби, се запознавме со средновековната архитектура. Оваа година нашето патување ќе се одржи во исто време.“

7. Постојано жалење

Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме

Некои луѓе можат да ја претворат оваа навика во традиција. Се разбира, понекогаш е потребно да ги споделите проблемите со најблиските, но немојте да претерувате. Научниците докажале дека анксиозноста ги уништува нашите тело и ум.

„Имам ваква пријателка. Всушност, таа нема никакви здравствени проблеми, но сум изморена од неа. Секогаш се обидувам да ја избегнам. Ме тера да се чувствувам лошо, а таа се чувствува навистина добро по разговорот. Мојот совет е да преземе контрола и да престане да се жали, но ова не функционира бидејќи никој не може да ги надмине нејзините проблеми освен таа самата.“

Стресот предизвикува зголемено лачење на хормонот кортизол. Високото ниво на кортизол има влијание на нашата меморија, имунитетот, дебелеењето, крвниот притисок, холестеролот и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Не заборавајте дека луѓето кои постојано се жалат ве „полнат“ со нивната негативна енергија. Опкружете се со позитивни луѓе и справете се со стресот со помош на спорт или други активности.

8. Собирање пари на венчавки

Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме

Гостите сакаат да се чувствуваат среќно за младоженецот и невестата. Но, наместо да се забавуваат тие се обвинуваат бидејќи не дале доволно пари или бидејќи купиле евтин подарок.“

„Постои традиција во која луѓето плаќаат за да танцуваат со момчето или невестата. Ова е направено со цел да им се помогне финансиски на младоженците, но изгледа како обично собирање пари.“

Во некои држави денес невестата добива играчка ако некој сака да танцува со неа, а потоа ги донира добиените играчки во сиропиталишта или добротворни организации.

9. Прославување на празниците „како што треба“

Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме

Не секој мора да сака да ги прославува родендените со сите роднини и безброј храна. Не секој сака да помине часови барајќи новогодишна елка или да купува подароци во полните трговски центри за време на Божиќ.

„Зошто да ги трошите сите пари на нешта што никој не ги сака? Направете вечера дома или порачајте храна. Љубовта е љубов, мене ми е доволно само да бидам опуштен.“

Ако не поканите премногу луѓе за време на празниците, сосема е во ред. Останете во креветот подолго, играјте си во снегот со семејството, правете го она што навистина го сакате. Направете го роденденот поубав со планинарење или неколку денови на плажа.

10. Викање „На здравје“ кога некој ќе кивне

Застарени традиции од кои сме премногу тврдоглави да се ослободиме

Некои луѓе сметаат дека оваа навика потекнува уште од средниот век.

„Оваа традиција доаѓа од Европа. За време на црната чума многу луѓе умирале, па ако сте кивнале значело дека сте болни и дека ќе умрете. Поради ова луѓето ве благословувале.“

„На здравје“ е одговор на кивањето во речиси сите држави, освен Кореја и Јапонија.

Сигурно ви се познати речиси сите свадбените традиции, но дали знате што се крие зад најголемите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар