Закони кои го штитат моминското презиме
Жените сè почесто го задржуваат своето моминско презиме при стапување во брак. Во многу земји жените не можат да го земат мажовото презиме дури и ако тоа го сакаат, бидејќи законот тоа не им го дозволува.
Во Квебек, Канада, жените од 1981 година мораат да го задржат своето моминско презиме.
Од 1983 година во Грција важи закон кој од жените бара да го задржат презимето. Тој закон е донесен низ процес на големи феминистички демонстрации.
Во Франција, традицијата на задржување на презимето потекнува уште од 1789 година. Тогаш е донесен закон кој на Французите им забранува користење на кое било друго презиме освен она што им е дадено од раѓање. Жените во Франција не можат легално да го сменат моминското презиме после стапувањето во брак, но обата сопружници смеат на своето презиме да го додадат презимето на својот партнер.
Слична е ситуацијата и во Италија уште од 1975.
Во Белгија законот е многу строг и презимето никогаш не смее да се менува, додека во Холандија на жените им е дозволено да го земат презимето од сопругот, но само во одредени ситуации.
Во Кореја и Малезија не постои закон кој го забранува земањето на презимето од партнерот, но во овие земји задржувањето на своето презиме се смета за традиција.
Од друга страна, во Јапонија промената на презимето е задолжителна. Од паровите се бара промена по стапувањето во брак, па дури 96% од Јапонките го преземаат презимето на својот маж, додека мал процент од мажите го земаат жениното презиме.
И во САД сè повеќе жени го задржуваат презимето. Така, денес дури 30% од Американките го имаат задржано своето презиме.
Што мислите вие на оваа тема? Треба ли да постои сличен закон во Македонија?