Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи - Part 2

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

6. Удар за удар

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Во 2014-та година, 23-годишниот Томи Мејн умрел поради оваа игра. Најпрво почнале онлајн да се појавуваат видеа од луѓе кои играле игра – двајца играчи се удирале додека едниот не побарал да прекинат. Ударите се нанесувале само со рака или рамено, но некои удирале во лицето и во стомакот.

7. Предизвик за големи усни

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Еден од најчудните предизвици е оној за усните на Кајли Џенер. Нејзините фанови почнале да шмукаат чашки за да им отечат усните и да го добијат посакуваниот изглед. Но многумина се повредиле, а некои останале со трајни лузни.

8. „NekNominate“

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Овој тренд започнал во 2014-та година и резултирал со неколку смртни случаи. Во играта луѓето се номинирани да голтаат алкохол. Пиењето се снима и се објавува онлајн, а потоа се номинира некој друг. Помеѓу загинатите биле 20-годишниот Бредли Имед кој умрел откако испил речиси еден литар џин и 20-годишниот Исак Ричардсон кој умрел откако испил коктел од вино, виски, вотка и пиво.

9. Скокање од карпа

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Многу луѓе се повредиле скокајќи од висока карпа, држејќи го телото во вертикална позиција. Неодамна тинејџерите и возрасните почнале да го снимаат овој подвиг. Помеѓу загинатите е 39-годишен маж и тинејџер кој си го скршил вратот. Еден 25-годишник останал парализиран по скокот.

10. Сурфање во подземна железница

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Овој тренд бил популарен во 1980-тите, но некој повторно го врати во живот. Трендот е познат во Њујорк и учесниците се обидуваат да се држат на подвижните возови или на покривот. Во 2016-та година загинал Кристофер Серано на 25 години. Најверојатно паднал од нешто и загинал на лице место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар