Волшебна венчавка инспирирана од ТВ серијата „Игра на тронови“
Трпезата изгледала како вистинска кралска гозба. Навистина обрнале внимание и на најситните детали!
Дури и свадбената торта одлично се вклопила во целата атмосфера! Едниот кат од тортата се состоел од „змејски крлушки“ како специјален поздрав до кралицата на змејовите.
Ниту поканите не отскокнувала од главната тема на свадбата. Тие ги содржеле слатките зборови кои си ги кажувале Калиси и Кал Дрого: „Месечина на мојот живот“ (Moon of my life) и „Мое сонце и ѕвезди“ (My sun and stars).
Мора да признаеме дека секој би посакал да направи или барем да присуствува на ваква венчавка!
Доколку и вие ја обожавате ТВ серијата „Игра на тронови“ и по некоја случајност планирате свадба, дефинитивно треба да размислите за прослава од ваков тип. Тоа би било незаборавно искуство и за вас и за гостите!
Погледнете го и видеото од фотосесијата за оваа прекрасна венчавка…
Дали и вие би сакале да направите оригинална свадба, но не сте љубителите на „Игра на тронови“? Тогаш, погледнете ја оваа уникатна венчавка инспирирана од Хари Потер која ќе ве остави без зборови.