Водич од 1940-тите им објаснува на шефовите како да се однесуваат со вработените жени - Part 2

Водич од 1940-тите им објаснува на шефовите како да се однесуваат со вработените жени

Жените кои работеле за време на војната не го промениле мислењето на општеството за улогата на жената. Работните места во фабриките биле само привремени и на жените им било јасно дека после војната ќе се вратат дома. Тие или потоа добивале многу пониско платена работа, или биле отпуштани.

Водич од 1940-тите што им објаснува на шефовите како да се однесуваат со вработените жени

Жените соработуваат

Па, погледнете како требало да се однесуваат шефовите кон вработените жени.

Кога надгледувате жена

  • Разјаснете ѝ го процесот или продуктот на којшто работи.
  • Дозволете ѝ да нема познавање за машинскиот процес.
  • Осигурете се дека работната околина е удобна, безбедна и погодна.
  • Правилно започнете со добро и внимателно надгледување.
  • Избегнувајте шегување, може да не ѝ се допадне.
  • Предложете наместо да опоменувате.
  • Кога ќе заврши добра работа, кажете ѝ.
  • Слушајте ја и помогнете ѝ во проблемите со работата.

Кога ѝ давате работа на жена

  • Добро објаснете ѝ ја нејзината работа.
  • Земете го предвид нејзиното образование, работно искуство и темперамент кога ѝ ја давате работата.
  • Подгответе ги неопходните алатки, опрема и залихи за неа.
  • Пробајте го нејзиниот капацитет и познавање за работата.
  • Назначете ѝ смена според нејзиното здравје, домашни обврски и транспорт.
  • Ставете ја во група работници со слични позадини и интереси.
  • Информирајте ја за здравствените и безбедносните правила, полисите на компанијата и целите на компанијата.
  • Осигурете се дека ги знае локациите на тоалетот, кујната, клиниката.
  • Не менувајте ја нејзината смена пречесто и никогаш без најава.

Кога вработувате жена

  • Ограничете ги нејзините часови на 8 дневно и 48 неделно доколку е возможно.
  • Организирајте кратки периоди за одмор на средината од секоја смена.
  • Обидете се за ручек да обезбедите хранлива храна.
  • Обидете се да обезбедите чисто место за ручек, настрана од работното место. Направете ја достапна чистата и студена вода.
  • Осигурете се дека тоалетите се чисти и соодветни.
  • Внимавајте на опасностите – разнесување на машини, гасови и чад, неправилно кревање, невнимателно чистење.
  • Обезбедете правилно наместени столови за работа, добра вентилација и осветлување.
  • Препорачајте соодветна облека за секоја работа, безбедни и удобни чевли и обезбедете шкафчиња и соблекувална.
  • Освежете ја монотоната работа со паузи за одмор. Доколку е можно, користете музика за време на заморните периоди.

За крај – побарајте трениран советник за жени во вашиот персонал

  • За да откриете што жените работнички мислат и сакаат.
  • За да откриете лични причини за лошо работење, отсуство, промет.
  • За да им помогнете на жените работнички да се справат со личните проблеми.
  • За да ги толкувате женските однесувања и постапки.
  • За да им помогнете на жените да се прилагодат на работата.

Погледнете ги и советите од минатото за одбирање сопруг што сигурно ќе ве изненадат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар